Browsing: ПОЛИТИКА
Приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ во првите шест месеци од годинава ќе бидат овозможување економски раст и вработување, интеграции во ЕУ, граници, мобилност и миграција, како и сеопфатна поморска политика, порача грчкиот амбасадор во Македонија, Харис Лалакос
СДСМ заедно со А1 телевизија и нејзиниот сопственик Велија Рамковски водеа двојни документи за трошоците за кампањата на СДСМ, возвраќа ВМРО-ДПМНЕ
Македонска традиција е секој добронамерник да биде примен и испочитуван – вака шефот на македонската дипломатија Никола Попоски возврати на најавите на неговиот грчки колега Евангелос Венизелос дека има намера да ја посети земјава
Според новите информации до кои дојдовме, на сметката на Сител телевизија, 23 дена пред локалните избори, Владата префрлила дополнителни 90 илјади евра, објави денеска СДСМ
Партијата на власт соопштува дека реформата ќе продолжи, со која Македонија креира современ образовен систем и потенцијал кој „навистина ќе поседува знаење, применливо за севкупен општествено економски развој“
Известувачот Ховит претставувајќи понатамошни измени, разјасни дека повикот за билингвална едукација не е обврзувачка и дека предупредувањето за „ултранационализам“ се однесува на сите земји во процесот на проширување на ЕУ а не директно врз Скопје
Камерата на НОВА утрово го регистрираше чистењето на споменикот на македонскиот револуционер Васил Чакаларов, кој се наоѓа веднаш спроти Католичката црква во Скопје
Власта на Груевски ги третира младите основци и средношколци како експериментални глувци на чиј грб се подметнуваат т.н „реформски“ проекти, рече денеска пред новинарите Стефан Богоев, претседател на СДММ
Препрека за почеток на пристапот во ЕУ не е прашањето за името, туку прифаќањето на европските вредности и политичките критериуми од Копенхаген, одговори грчкиот министер за надворешни работи Венизелос
Репортери без граници силно го осудуваат судското малтретирање на Фокус, една од последните независни публикации во Македонија
На земја рангирана на 116 место во последниот индекс на слободата на светскиот печат, не и треба уште една деградација, се вели во реакцијата на „Репортери без граници“
Ние ќе продолжиме да имаме односи со земјата и се согласуваме дека во името на земјата треба да има географска одредница. Станува збор за име кое ќе дозволи негово користење на внатрешен и надворешен план, вели Венизелос














