Browsing: ПОЛИТИКА

Веб порталот Мојот град информира дека заради објавени текстови, Општина Кавадарци го тужи здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ и бара 5 илјади евра поради повреда на честа и угледот.

Нашата кампања беше законска, согласно ревизијата на државата. Објаснете за каква кампања вашата Влада и префрлила на телевизија Сител 360 илјади евра, само во еден ден, само 23 дена пред локалните избори, уште еднаш праша СДСМ

На утрешното гласање на Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе се види кои амандмани ќе бидат прифатени а кои не. Финалната резолуција ќе биде гласана во февруари. Оваа резолуција на ЕП, како и сите други, се само препораки за една земја и немаат законска ниту обрзувачка важност

„Тоа се 360 илјади евра пари од Буџетот, испратени од Илинденска б.б. на адреса на Градски стадион б.б. Во само еден ден! На 4 различни уплатници, на само 23 дена пред локалните избори! Само за еден ден 360 илјади евра за Сител. Цел на дознака: реализација на кампања“, истакна Шилегов

Статистичарите откриваат дека Македонија има сериозни проблеми со отпадните води и со цврстиот отпад, односно повеќе градови и села не се покриени со системи за собирање и третман на отпадните води и на отпадот, се вели во истражувањето на Нова Македонија

Цивил – Центарот за слобода, најостро ја осудува последната манифестација на притисок врз независните новинари и медиуми со донесување пресуда која е непропорционална и остра, имајќи ги предвид примањата на новинарите во земјата

И вчера и денес власта овде демонстрираше една не видена леснотија на морална дволичност во која власта преку предлагачот зборуваше за злоупотреба на процесот на лустрација, зборуваше за законот иако тоа не е тема на денешнава точка, рече Макрадили

На лицитација постоеше услов за заинтересираните купувачи- во последната година да имаат остварено обрт од 15 милиони евра, со што во старт беа елиминирани 99% од заинтересираните фирми, соопштува ВМРО-Народна партија

„Ја повикуваме владата веднаш да ги врати овие луѓе на работа, односно измените на законот ретроактивно да важат и за нив. Доколку нема такви услови, истите да бидат вработени во судската, затворската или шумската полиција“, изјави Ангелов

МВР поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против Т.Ш. (53) од Скопје, поради основано сомневање дека вчера на ул. „Рифат Бурчевиќ“ во општина Чаир, ги лишил од живот Алаедин А. (57) и Мустафа А. (28), од Скопје