Browsing: ПОЛИТИКА

Дел од клирот на црквата сеуште e неинформиран, дел бараат образложениe, која е причината за ваквата одлука и дали би следувала казна за непослушните. „Изненадени сме од ваквата одлука која не оди во прилог ниту во развојот на духовните вредности“, коментираат свештениците за НОВА

Ги повикуваме властите да се ослободи Томислав Кежаровски во очекување на жалбата, а македонското судство да ја поништи пресудата, вели Нина Огнианова, координаторка на Комитетот за заштита на новинарите во Европа и централна Азија

Двајца од тетовчаните кои се затруја со отровни печурки сеуште се во тешка здравствена состојба и се наоѓаат на одделот за интензивна нега на Клиниката за токсикологија. Кај останатите шестмина има подобрување на здравствената состојба потврдија за НОВА на Клиниката.

Посредникот на Обединетите нации во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска во Њујорк, како што е најавено, треба да има заедничка средба со преговорачите на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис

Пресудата за новинарот Кежаровски е последниот настан во нашата земја па нема сомнение дека најавата на портпаролот се однесува на тоа дека комесарот ќе го отвори прашањето и ќе побара дополнителни информации од премиерот

Амбасадорките на Германија, како и на Кралството Холандија денеска изразија загриженост за големото присуство на полициски сили кое вчера го спречија протестот на новинарите, новинарските здруженија и граѓаните

„Не сум овде поради мене. Тука сум поради своето дете!“, му рече еден млад човек на полицаецот со штитот в рака. Полицаецот не го симна штитот, но ја наведна главата. Новинарски протести!

„Вознемирена сум и жалам за непропорционалното безбедносно присуство на сила кое ги спречи мирните протести на новинарите и граѓаните во одбрана токму на слободата на изразување“, вели за НОВА, амбасадорката на Холандија во Македонија, Мариет Шурман