Browsing: ПОЛИТИКА
Деновиве посебно, токму овие мали правни субјекти, кои едвај преживуваат, се во агендата на УЈП. Им се изрекуваат казни во илјадници евра, за кои може само да сонуваат да ги заработат.
Фрлајте по нас со камења ние ќе фрламе по вас со леб, леб кои вие му го одземавте на Томче пред години.
Агенција за електронски комуникации на Македонија започна од парите на граѓаните на Водно да гради телекомуникациска кула која ќе чини 17,6 милиони евра. Премиерот Груевски направи споредба со Јапонија, со економски најразвиената земја на светот
„Опсегот на употреба“ – прашање околу кое се кршат копјата во врска со априлскиот пакет, кажа поредникот на ОН по дводневните средби во Њујорк. ВОА на македонски јазик со детали
На состанокот се разговарало за предлог идеите на Нимиц изнесени во април годинава. Се уште има сериозни разлики меѓу двете страни, изјави Нимиц по средбата
Владиката Петар за НОВА порача дека можно е да се забрани Твитер, ако се заклучи дека и таму може да се најдат непристојни содржини. На критиките на ФБ дека требало да забранат џипови, вели: Со што да ги шетаме гостите?
Маргарита Цаца Николовска, поранешна судиjка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за НОВА ја коментира висината на казната изречена против новинарот Кежаровски а во контекст на европската конвеција за човекови права
Евро-комесарот Штефан Филе по средбата со премиерот Никола Груевски во Брисел порача дека продолжува одблиску да го следи случајот Кежаровски, барајќи медиумска култура, но и праќајќи порака за неговата загриженост за партиската поларизација, како и дека бара засилена борба против корупцијата и организаираниот криминал
Отпочнувањето преговори не е лесно прашање и не зависи од самиот Филе, туку зависи од друг, зависи од нашиот јужен сосед. Но, и на комесарот за проширување не му е сеедно што е ваква ситуацијата, изјави Груевски
ВМРО-ДПМНЕ не треба да бега од дебата во Собранието за предлогот на СДСМ за разрешување на Трајко Вељаноски. Откако го окупираа медиумскиот простор, затвораат новинари, забрануваат протест, сега се обидуваат да спречат дебата во Собранието, изјави Оливер Спасовски
Владата обезбеди компјутер за секое дете, но не ги спречи крадците. Надлежноста на Министерството за образование завршува со доделување на компјутерите, МВР е на потег, а децата учат компјутерско образование без компјутери
Министерството за здравство распишува јавен повик за доделување пет лиценци за ин витро, односно за биомедицинско потпомогнато оплодување. Повикот ќе трае 26 дена по што ќе следи јавна аукција, соопшти Никола Тодоров














