Browsing: ПОЛИТИКА
На новинарот Томислав Кежаровски повторно да му се суди и да биде ослободен што поскоро, вели Делфин Алгон, директорката за САД во организацијата Репортери без граници, која во интервју за „Гласот на Америка на Македонски“ го истакнува шок-ефектот од пресудата
Судиите мора да бидат многу внимателни по донесувањето одлуки во случај кога треба да се измери јавниот интерес, изречената казна спрема Кежаровски е непропорциналност, смета академикот-претседател на МАНУ и екс-министер за правда, Владо Камбовски
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја назначи Софија Куновска за претседател на градската организација на СДСМ во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува предлог-одлуката за разрешување на претседателот на Собранието Трајко Вељановски и таа не мора да биде ставена на дневен ред на седница, бидејќи не е во форма на интерпелација, изјави денеска пратеникот Илија Димовски
Утрово службеничка во УЈП ја забележала непознатата течност, која била пред канцеларијата на раководителот, се претпоставува дека причината е затворањето на 20-ина објекти во тетовскиот регион
Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски ја информира јавноста дека со најава за вчерашниот протест за поддршка на новинарот Томислав Кежаровски е консултирано МВР и дека законските одредби не забрануваат протест
Итно организирање на посебна и детална надзорна расправа за нарушување на пресумпцијата на невиноста, злоупотребата на притворот, загрозувањето на правото на изразување и медиумската слобода, побара СДСМ
Струмица е првата и единствена општина во Македонија меѓу 1539 градови во целиот свет која е вклучена во проектот „Мојот град се подготвува“ во партнерство со ОН и Интернационалната стратегија за намалување на ризикот од катастрофи
Комесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски утре во Брисел ќе разговараат и за последните настани во земјата, најави денес портпаролот на комесарот
По мирниот протест на новинарите пред Музејот на македонската борба кој вчера го спречи полиција, за НОВА од МВР објаснуваат дека полицијата била таму за обезбедување на манифестацијата по повод празникот 23 Октомври во просториите на Музејот
„Излегувањето на советниците на СДСМ од седницата на Советот која сами ја свикаа, ја покажа целокупната фарса на СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски“, изјави советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров
Единствени примери се регистрирани во праксата на Хашкиот суд. Највисоката казна за новинар обвинет дека отркил идентитет на 48 заштитени сведоци е три месеци затвор и 10.000 евра














