Browsing: ПОЛИТИКА

По вчерашното нереализирање на директниот пренос од финалната вечер на фестивалот „Макфест“ првиот човек на МРТВ, Марјан Цветковски вели доколку се утврди непрофесионално работење на дел од вработените, ќе има откази, пишува „Вест“

Според економистите, проблемот може да се реши само тогаш кога приватниот сектор ќе стане поатрактивен од јавниот, а политичките аналитичари во ваквите потези препознаваат можна увертира за предвремени парламентарни избори

Во Македонски шуми, зад параванот на социјални вработувања, остваривте, ама тесно-партиски интереси. Тажно и срамно, изјави Хари Локвенец, член на Извршен одбор на СДСМ обраќајќи им се на премиерот Груевски и министрот Ставрески

Судот ќе одлучи што е во интерес на јавноста за случајот Шпион, а не да се меша во тоа што медиумите пишуваат, изјави министерот за правда Блерим Беџети за Радио Слободна Европа, за одлуката да се ограничи слободата на пишување на медиумите за овој случај

Ангелов за НОВА: Посебно сме задоволни од начинот на раздружување со СДСМ, кое не се случува вообичаено, како досегашните во Македонија, туку со висок степен на демократска култура и взаемно почитување. Остануваме жестока опозиција. Исклучено е влегување во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Поради проблеми со линковите Македонската телевизија не го пренесува директниот пренос финалето на фестивалот „Макфест“ на првата програма и наместо тоа, емитува филм, што е прв пат во историјата на овој фестивал

Планираниот изглед на седиштето на македонската влада досега чини над 9,3 милиони евра, а допрва ќе треба да се потпишуваат договори и за изведба и финансиска конструкција на идното ентериерно уредување

Поради упорноста на ДПМНЕ во тврдењето дека намалувањето на ДДВ-то за 15% ќе создаде намалување на буџетот, се прашуваме, дали ова инсистирање на власта не значи „премолчено“ признавање дека државата е презадолжена, потенцираше Узунов

Дисциплинската комисија на Клиничката болница во Битола ги казни лекарите и сестрите од Ургентна медицина кои дента кога почина Јорго Ангеловски биле на смена, го примиле и му укажале лекарска помош