Browsing: ПОЛИТИКА

„Генијалците во раководството на МВР тврдат дека постои функција „престедавач“ на Управен одбор, не претседател туку претседавач…веројатно постои и претседавач на синдикат, претседавач на Влада или зошто да не претседавач на држава“, пишува потпретседателот на СДСМ

Според првичните сознанија, знамето најверојатно било запалено ноќеска; непознат сторител го запалил знамето на Македонија кое било истакнато на јарбол пред зградата на дирекцијата на ХЕЦ Маврово

Според генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, од посебно значење е во Корча да има македонски конзулат зашто е административен град на Префектурата Корча која опфака население од околу 220.000 жители

Според полицијата, сообраќајката во Кисела вода во која животот го загубија петмина млади луѓе е најтешка сообраќајна несреќа со најголем број загинати на територијата на град Скопје. Град Скопје размислува дали утрешниот ден да биде поргласен за ден на жалост

Утрово во пожар во скопска Кисела Вода изгоре дел од куќата на актерката Весна Петрушевска. Во моментот на избувнување на пожарот семејството на Петрушевска било внатре но, успеале навреме да ја напуштат куќата

Петмина доктори специјалисти од Општата болница во Велес подготвени се да дадат колективен отказ поради лошите услови за работа и самоволието на директорот Атанас Василев потврдија за НОВА дел од лекарите

Државата мора да покаже дека на вистински начин со вистинска грижа се однесува кон победниците, порача заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денеска од Прилеп, каде положи цвеќе пред Могилата на непобедените

Седум од иконите кои пред три дена ги конфискуваше албанската полиција се од струшкиот регион, а биле украдени последниве две до три години. Владиката Тимотеј побара поголема ангажираност на надлежните државни институции

Нема никакво политичко апсење, ниту имало, ниту ќе има политички апсења. Има дејствување на МВР по налог на обвинителството по случаи каде обвинителството изразило сомнежни за утврден криминал, изјави Груевски во врска со обвинувањата од опозицијата за случајот „Претседавач“