Browsing: ПОЛИТИКА

Еден од сопствениците на Табернакул, Цветан Враживирски се заканил со тужба кон проф. Мимоза Ристова, после писмото до Памук да одбие да ја прими од рацете на македонскиот „Ердоган“ книжевната награда на издавачката куќа Табернакул

СДСМ апелира судот да ја укине мерката притвор за претседателот на Советот на општина Центар и неговите соработници, „но релевантно да продолжи со истрагата, бидејќи Шиповиќ, нема намера да бега од земјата, ниту може да влијае на истрагата“

Заборавите ги вашите меѓусебните несогласувања, раздори и заговори, затоа, смирувајте се, честитајте си и однесувајте се на исламски начин, им порача денеска реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи честитајќи им го Курбан Бајрам на муслиманските верници

Во Брисел два дена пред објавувањето на годинешниот Извештај за напредокот, комесарите се уште одлучуваат дали и на кој начин, ЕК треба да учествува во поддршка на процесот за изнаоѓање на решение за името

Канцеларијата на Фондот за штедење, издаде забелешка до „Сахара“ на 21 декември минатата година, барајќи да одговори зошто инспекторите не смеат да пребаруваат во групацијата, по необјавувањето на евиденцијата за вработените, и деталите поврзани со уплатите во Фондот

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, за НОВА изјави дека многу сериозно размислува за да се кандидира за претседател и засега отфрла коалиции со други партии. Единствената коалиција за мене е онаа со народот, додава Ангелов

Лиценците им се одземени на четири години, а по истекот на овој период кога не смеат да работат никаде треба повторно да одат на обука за во наредните две години повторно да се здобијат со лиецнца за работа

СДСМ со протести ќе го дочека Мирослав Шиповиќ кој најави враќање во Македонија во вторник. Во Македонија го чека и полицијата поради потерницата распишана за него за случајот Претседавач.