Browsing: ПОЛИТИКА

Во меѓувреме, семјството на Кили ја комлетира медицинската документација според која треба да се потврди дека Кили има здравствени проблеми со што на адвокатот ќе му биде овозможено да го формулира барањето Кили да се брани од слобода

Пред состанокот со Нимиц, денеска претседателот Иванов изјави дека на Македонија треба да ѝ се овозможи да ги почне преговорите за членство во ЕУ, додека паралелно се одвива процесот за решавање на разликите околу името.

Градот Скопје да не ја превземе целосно обврската да ги чува и одржува спомениците од проектот Скопје 2014, туку дел од нив да се дислоцираат низ другите градови, побара Советничката група на СДСМ на денешната седница на Советот

Скопје денес уживаше во атмосферата креирана од шкотските навивачи, а се дружеа со Македонците пиејќи пиво; за тоа што значи нивниот килт, звукот на нивните гајди, традиционалните танцови, погледнете во прилогот на НОВА

Границата со Косово може да се помине само пеш. Колони од возила, камиони, автобуси,залудно чекаат за влез во Косово бидејќи граничниот премин е целосно блокиран во двата правци. Трговската војна која премина во политичка направи хаос на граничниот премин пишуваат косовските медиуми

Тартанската Армија донирала средства до 20 странски проекти во 12 различни земји; донациите вклучуваат игралишта, програми за обновување, за сиропиталишта, за медицинска опрема, за инкубатори за бебиња, за разни терапии

Директорот на Музејот во Велес Петре Костов ги украл двете монети „тетрадрахма“ од времето на Александар Македонски и една филигранска белегзија, кои летово исчезнаа од фиоката на археологот додека тој беше на специјализација во странство