Browsing: СПОРТ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација објави список со 23 играчи за октомвриските мечеви во квалификациите за ЕП 2020. Неизвесен е настапот на Енис Барди, поради повреда воопшто го нема Дарко Велковски, Егзон Бејтулаи поради жолти картони ќе може да игра на гостувањето во Варшава, а во националниот тим се враќаат Стефан Ристовски и Кристијан Тошевски

Јунак на „Камп Ноу“ беше Луис Суарез кој со два гола во 58. минута и во 84. минута го поништи водство на „нероазурите“ што го осигура Лаутаро Мартинез во третата минута. Европскиот првак го совлада Салцбург со 4:3

Непријатната традиција за „црвено-жолтите“ фудбалерки траеше до денеска. Прекината е попладнево во тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во квалификациите за ЕП 2021 беше совладата селекцијата на Казахстан со 4:1 во меч во кој по два гола постигнаа Наташа Андонова и Гентијана Рочи

Српскиот првак имаше негатива од 0:1 (стрелец Рубен Семедо 37’) по првото полувреме во дуелот со Олимпијакос, но на крајот славеше со 3:1 за прва победа во групата Б и пробив до второто место на табелата. Фудбалерите на Баерн Минхен демонстрираа фантастична моќ во Лондон каде го понижија Тотенхем со 7:2 во „убавицата“ на вечерта во второто коло во Лигата на шампиони. Четири гола за Баварците постигна Серж Гнабри, сите четири во второто полувреме

По убедливите 3:0 за ПСЖ во Париз, „кралевите“ вечерва ремизираа (2:2) во дуелот со белгискиот тим на „Сантијаго Бернабеу“ и остана на последното место на табелата во групата А. Шахтјор во Милано ја совлада Аталанта со 2:1