Browsing: СПОРТ
Британецот заедно со Фелисијано Лопез славеа во дубл над Колумбијците Кабал и Фарах, први носители, со 7:6, 6:3. За поранешниот светски рекет број 1 ова беше прв настап по Австралија опен во јануари и операцијата на колкот
Србија е единствената репрезентација со максимален ефект по групната фаза на финалниот турнир во Светската ватерполо лига што овие денови…
Горпишин доаѓа во Скопје од Ерланген, Атман од Хановер. Двајцата се руски репрезентативци кои потпишаа двегодишни договори со „црвено-црните“. Претходно, како замена за Дејан Милосављев, е ангажиран и летонскиот голман Кугис Артурс кој во минатата сезона настапуваше со Гросвалштад
„Пандевци“ се домаќини во првата средба на 11 јули, чаирчани го добија Пјуник од Ереван каде ќе патуваат и ѓорчепетровци кај екипата на Алашкерт
Првиот меч е во Талин на 9/10 јули, реваншот е седум дена подоцна (16/17 јули) на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Сараево ќе игра со Селтик (Шкотска), Сутјеска со Слован Братислава (Словачка), Црвена звезда со Судува (Литванија), а Марибор со Линфилд (Северна Ирска)
Бранителот на титулата во првото коло ја декласира подмладената селекција на „самураите“ со 4:0. Напаѓачот на мексикански Тигрес со два гола стана најдобар чилеански стрелец на Копа Америка и го потисна Марсело Салас на вечната листа на „Ла Риоха“. Вечерва почнува второто коло на турнирот со дуелите во групата А во кои ќе играат Боливија – Перу (23.30 ч.) и Венецуела – Бразил (02.30 ч.)
Легендарниот стопер на Лацио и на Милан неодамна доби отказ во Перуџа по неуспешниот обид за пласман во Серија А преку плејофот, мисија што во наредната сезона ќе биде основна цел со екипата од централна Италија
Поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) заврши во полиција во рамки на истрагата за начинот на доделување на СП 2022 на Катар
„Црвено-жолтите“ го потврдија врвот на табелата со победа над Грција во Струмица со 27:23 во последното коло за одмазда на шокантниот пораз во Кожани во второто коло. Пласман на шампионатот во јануари догодина обезбедија и Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Србија
По кратко и тешко боледување, на 70 годишна возраст во Скопје, почина Слободан Брацо Вујчиќ. Ќе остане запаметен како голем…
Двоен стрелец за тимот на Тите беше Кутињо од пенал во 50. минута и во 53. минута по асистенција на Фирмињо, третиот погодок беше дело на резервистот Евертон Соареш во 85. минута
Сопственикот на ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп синоќа бил повикан во полиција да даде исказ по пријавата поднесена од фудбалерот…