БиХ ќе биде дестинација за Академија П., Ерменија и за Шкупи и за Македонија Ѓ.П. во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ). Противник на „пандевци“ во историскиот излез на меѓународната сцена ќе биде Зрињски. Според ждрепката, освојувачот на македонскиот Куп ќе биде домаќин во првата средба (11 јули), реваншот е во Мостар на 18 јули.

Шкупи во првото коло за ЛЕ ќе игра со Пјуник, тим што во минатото ги елиминира и прилепска Победа и Вардар. Чаирчани ќе гостуваат во првата средба во Ереван. Во престолнината на Ерменија ќе одат и ѓорчепетровци кај екипата на Алашкерт.

Двојки за првото коло квалификации за Лига Европа

Академија Пандев (С. Македонија) – Зрињски (БиХ)

Пјуник (Ерменија) – Шкупи (С. Македонија)

Алашкерт (Ерменија) – Македонија Ѓ.П. (С. Македонија)

Малме (Шведска) – Балимена (С. Ирска)/НСИ (Фарски Острови)

Конах (Велс) – Килмарнок (Шкотска)

Бреидаблик (Исланд) – Вадуц (Лихтенштајн)

Бран (Норвешка) – Шамрок Роверс (Р. Ирска)

Витебск (Белорусија) – КуПС Куопио (Финска)

Ордабаси (Казахстан) – Торпедо Кутаиси (Грузија)

Сент Јулија (Андора)/Европа (Гибралтар) – Легија (Полска)

Гзира јунајтед (Малта) – Хајдук (Хрватска)

Раднички Ниш (Србија) – Флора (Естонија)

ЦСКА Софија (Бугарија) – Титоград (Црна Гора)

Макаби Хаифа (Израел) – Мура (Словенија)

Дебрецин (Унгарија) – Кукс (Албанија)

Женес Еш (Луксембург) – Тобол (Казахстан)

ФЦСБ (Романија) – Милсами (Молдавија)

Чукарички (Србија) – Банантс (Ерменија)

Крусејдерс (С. Ирска) – Б36 (Фарски Острови)

Интер Турку (Финска) – Брондби (Данска)

Приштина (Косово)/Сент Џозеф (Гибралтар) – Глазгов ренџерс (Шкотска)

Корк сити (Р. Ирска)/Прогрес Нидеркорн (Луксембург) – Кардиф Метрополитан Универзитет (Велс)

Молде (Норвешка) – КР Рејкјавик (Исланд)

Левски Софија (Бугарија) – Ружомберок (Словачка)

Зета (Црна Гора) – Фехервар (Унгарија)

Шахтјор Солигорск (Белорусија) – Хибернијанс (Малта)

Нефчи (Азербејџан) – Сперанта Ниспорени (Молдавија)

Олимпија Љ. (Словенија) – Ригас (Летонија)

Хонвед (Унгарија) – Жалгирис (Литванија)

Радник Бијелина (БиХ) – Спартак Трнава (Словачка)

Фола Еш (Луксембург) – Чикура (Грузија)

Динамо Тбилиси (Грузија) – Ла Фиорита (Сан Марино)/Енгордани (Андора)

Широки Брег (БиХ) – Каират (Казахстан)

Кауно Жалгирис (Литванија) – Аполон Лимасол (Кипар)

Вентспилс (Летонија) – Теута (Албанија)

Краковија (Полска) – Дунајска Стреда (Словачка)

Стјарнан (Исланд) – Левадија (Естонија)

Бери Таун (Велс)/Клифтонвил (С. Ирска) – Хаугесунд (Норвешка)

Ритериаи (Литванија) – Клаксвик (Фарски Острови)/Тре Фиори (Сан Марино)

Динамо Минск (Белорусија) – Лиепаја (Летонија)

Норчепинг (Шведска) – Сент Патрик (Р. Ирска)

Абердин (Шкотска) – РоПС Рованиеми (Финска)

Домжале (Словенија) – Балзан (Малта)

Лачи (Албанија) – Хапоел Бер Шева (Израел)

Будуќност (Црна Гора) – Нарва Транс (Естонија)

Сабаил (Азербејџан) – Универзитатеа Крајова (Романија)

АЕК Ларнака (Кипар) – Петрохуб Хинцести (Молдавија)

Првите мечеви ќе се одиграат на 11 јули, реваншите на 18 јули.