Browsing: СПОРТ

„Фуријата“ славеше со 32:21 во меч што „заврши“ со нејзината серија од 5:0 на почетокот на второто полувреме. „Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но дозволија лесно бегство на европскиот шампиона, па утре попладне (18 ч.) низ директен дуел со Исланѓаните ќе решаваат за третиот патник од групата Б за место во главната мундијалска фаза

Ракометарите од 20.30 часот го играат четвртиот меч во групата Б на Светското првенство во Германија и Данска. „Фуријата“ е апсолутен фаворит, „црвено-жолтите“ ќе чекаат своја шанса за победа што ќе значи пласман во главната фаза уште вечерва. Во спротивно, место во Келн ќе бркаат утре попладне (18 ч.) во директен судир со Исланд

„Панцирите“ беа на чекор до победа (25:24) меѓутоа нивната радост ја расипа Тимоте Енгесо кој со завршниот удар во мечот ја „распара“ мрежата на Волф и извлече бод за бранителот на тронот со кој го задржа водечкото место на табелата во групата А

Српскиот тениски ас загуби само седум гема во дуелот со Мичел Кругер од САД (6:3, 6.2, 6:2) во неговиот јубилеен 300 меч на најпрестижните тениски турнири во кариерата и 259 гренслем победа. Поединечно гледано, првиот носител го одигра 70. натпревар во Мелбурн парк и го забележа 62. триумф и во второто коло ќе игра со Цонга. Помладата од сестрите Вилијамс за 50. минути ја елиминира Германијата Марија, но особено внимание привлече со комбинацијата во која излезе на терен

Чешкиот интернационалец во изминатите две децении бранеше за Бишани, за Спарта Прага, за Рен, за Челзи и за Арсенал. Со „сините“ од „Стемфорд Бриџ“ освои 13 титули од од кои една во Лигата на шампиони и четири во Премиерлигата. Најсериозниот предизвик во кариерата го имаше во 2006 година, но не беше од спортски причини туку од здравствени. По судирот Стивен Хант во мечот со Рединг, Чех се здоби со сериозни повреди на главата по што мораше да носи заштитна маска со која настапува и денеска

Италијанецот Убалдо Скањаната (69) го совлада дремка за време на излагањето на вториот светски рекет во Мелбурн по победата над Џејмс Дакворт за пласман во второто коло на Австралија опен

Како причини за убедливата победа над „црвено-жолтите“, хрватскиот селектор ги издвои одличното функционирање во одбрана, интелигентноста во нападот и подоброто снаоѓање во играта „седум на шест“

Голманот на Бенфика истакна доза на самокритичност, истакна и доза на приземност со оглед дека претстојат уште два (Шпанија и Исланд), даде дипломатски одговор за определбата да се напаѓа со „седум на шест“ со која подобро се снајдоа Хрватите и ја истакна потребата од фокусот на Шпанија (среда, 20.30 ч.) и на Исланд (четврток, 18 ч.)

„Коцкестите“ на Лино Червар славеа над составот на Раул Гонзалез со 31:22 (полувреме 16:11) во меч од третото коло во групата Б на ракометното Светско првенство во Германија и Данска. Утре е слободен ден на првенство, а настапите за „црвено-жолтите“ продолжуваат во среда од 20.30 часот против Шпанија