Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристовски: Едноставно е, Хрватска е поквалитетна од нас

0
By Нова ТВ on January 14, 2019 СПОРТ
Фото: handball19.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 14, 2019 20:51

Казнети за сите грешки и промашувања. Вака Борко Ристовски го опиша поразот на Македонија од Хрватска (22:31) на Светското ракометно првенство во Германија и во Данска. Голманот на Бенфика истакна доза на самокритичност, истакна и доза на приземност со оглед дека претстојат уште два (Шпанија и Исланд), но и признание за хрватската селекција за која вели дека е поквалитетна од „црвено-жолтата“.

„На Хрватска ` се поклопија сите коцкички денеска. Ние промашивме зицери што нормално ги користиме, а Хрватите имаат искусен тим што знаеше да казни и преку контри и полуконтри даваше лесни голови. Нема многу што да се објаснува. Едноставно е, Хрватска е поквалитетна репрезентација од нас и тоа треба да го прифатиме. Глава горе, продолжуваме напред. Пред нас се уште два меча и треба да се обидеме да добиеме барем еден за пласман во главната фаза“ изјави македонската ракометна „единица“ по првиот пораз на мундијалот.

По тактиката „седум на шест“ посегнаа и Лино Червар и Раул Гонзалез. Притоа подобро се снајдоа Хрватите кои на одмор заминаа со плус 5 (16:11). Македонија не доби ништо во нападите со човек повеќе на сметка на голман меѓутоа Ристовски не сакаше да навлегува премногу во замислите на селекторот, па понуди дипломатски одговор.

„Немам коментар. Таква беше замислата на Раул со која веруваше дека може да донесе резултат. Тоа се тактички надмудрувања со кои требаше извадиме максимум во напад и да не дозволиме брзи голови. Но,кога нема да искористите шанси, доаѓа казна, особено што наспроти нас имавме ривал каква е Хрватска што се вбројува меѓу петте кандидати за титулата на ова Светскко првенство“, вели човекот со девет одбрани против Хрватите.

Македонија е пред ден одмор на мундијалот пред двата последни меча во групата Б во Минхен, во среда од 20.30 часот против Шпанија и во четврток од 18 часот со Исланд. Потребна е една победа за продолжување во главната фаза на турнирот што ќе значи преселба во Келн и уште три нови меча со селекции од групата А во која се Франција, Германија, Русија, Србија, Бразил и Кореја.

Борко Ристовски Македонија Ракомет (м) СП 2019 Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.