Browsing: СПОРТ
По Оберсфорд, Јапонецот оствари најдобри скокови (135,5 метри и 133 метри) и на втората германска станица од новогодишната турнеја за шестата победа во сезоната и задржување на врвот во генералниот пласман на натпреварувањето што се сели во Австрија (четврток во Инсбрук и сабота во Бишофсхофен)
Ѕвездата на Јувентус ги потпиша двата во триумфот над Сампдорија со 2:1 во последното есенско коло и стигна до бројката од 14 гола во калчолигата, односно, 15 во сите натпреварувања во кои се активни „бјанконерите“
До ЗОИ 2022 во Пекинг, Кинезите сакаат да се исчистат од имиџот на допингирана земја за што планираат да воведат брутални мерки. Намерата е израмнување на допингот со дрогата, па спортските престапници ќе се соочат со затворски казни
На денешен ден (29 декември) во 2013 година, најуспешниот пилот во историјата на Формула 1 имаше пад за време на рекреативно скијање на француските Алпи. Ниту заштитната капа што ја носеше не му помогна да избегне тешки повреди на главата при ударот во карпа.
Во дел од книгата, Норвежанецот пишува за дивјачки напад од некогашниот соиграч во Ливерпул, Крег Белами во португалскиот град Алгарве во 2007 година каде „црвените“ се подготвуваа за осминафинална пресметка против Барселона во фудбалската Лига на шампиони
Австралиецот подоцна на социјалните мрежи објави дека е на пат кон Бризбејн на првиот турнир во сезоната на кој ќе настапи како бранител на титулата
Селекторот Раул Гонзалез ги одржа денешните тренинзи во домот на Металург, а на истата локација ќе работи и утре бидејќи теренот во националната арена е зафатен со поставување на сцена за утрешното гостување (сабота) на Аца Лукас, Пеџа Меденица и Милица Павловиќ
Квалитетот и искуство што го поседува напаѓачот, без сомнение, ќе бидат од големо значење за тренерот Жикица Тасевски во пролетниот дел од сезоната и европските амбиции на клубот за летниот период
Српскиот тенисер доби 145 гласа во изборот на полската новинска агенција ПАП што се организира веќе шест децении, 13 повеќе од Лука Модриќ, трет заврши Луис Хамилтон (114 гласа)
Поранешниот репрезентативец на „лалињата“ и член, меѓудругото, на Барселона ја доби довербата на клупската управа пред Карлес Пужол кој, исто така, беше кандидат за наследник на Аргентинецот Херардо Мартино на клупата на тимот од „Мерцедес Бенц арена“
Претпоследниот тим на табелата славеше со 2:1 во последниот меч на 17. рунда за големи три бода во борбата за опстанок во најквалитетното шпанско фудбалско друштво
Домашните трипати погодуваа во статива и еднаш во пречка, но на крајот мораа да се задоволат само со реми (1:1), нивно шесто во низа по дуелите со Херта (3:3), со Шалке (1:1), со Волфсбург (2:2), со Борусија Менхенгладбах (0:0) и со Вердер (1:1)