Browsing: СПОРТ

Италијанецот на кормилото на премиерлигашот од Лондон го наследува Славиша Јокановиќ кој доби отказ по слабите резултати во сезоната. По 12 одиграни кола, екипата е последна на табелата со само пет бода и биланс од една победа, два нерешени меча и дури девет порази

Швајцарецот во второто коло во групата „Лејтон Хјуит“ го совлада австрискиот колега со 6:2, 6:3 и се врати во игра за полуфинале, откако на стартот беше непријатно изненаден од Јапонецот Кеи Нишикори

Под водство на Аргентинецот, „кралевите“ забележаа четири победи во исто толку натпревари – против Мелила (4:0) во националниот Куп, против Валјадолид (2:0) и против Селта (4:2) во Примера и против Викторија Плзен (5:0) во Лигата на шампиони

Меѓу присутните во „О2 арена“ беше и ѕвездата на Јувентус и петкратен освојувач на Златната топка во друштво на неговата девојка Георгина Родригез и неговиот син. Српскиот тенисер го совлада Џон Изнер со 6:4, 6:3

Утрешната ревија меѓу ветераните на Црвена звезда и македонските легенди е по повод патрониот празник на Град Скопје (13 ноември). Мечот е закажан за 13 часот на помошното игралиште на Работнички во Градски парк и идеја е на бизнисменот Трифун Костовски

Јапонецот славеше со 7:6, 6:3 за изненадување уште на стартот на турнирот во „О2 арена“. Кевин Андерсон, пак, во премиерата го совлада Доминик Тим со 6:3, 7:6. Понеделник е резервиран за средбите од првото коло во групата „Густаво Кернтен“. Од 15 часот во „О2 арена“ ќе играат Марин Чилиќ и Александар Зверев, во вечерниот термин (21 ч.) ќе се пресметаат Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер

Каталонците го совладаа Вардар со 30:26 во дербито на седмото коло во групата А во ракометната Лига на шампиони и се задржаа како лидери на табелата пред реваншот со македонскиот првак во сабота (19 ч.) вол „Блауграна“