Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Џаиќ, Савиќ, Шестиќ против Панчев, Најдоски, Канатларовски…

0
By Нова ТВ on November 12, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 12, 2018 14:54

Денот на ослободување на Скопје (13 Ноември) е повод за утрешната фудбалска ревија меѓу ветераните на Црвена ѕвезда и фудбалски легенди од Македонија. Натпреварот е закажан за 13 часот на помошното игралиште на Работнички во Градски парк и идеја е на бизнисменот Трифун Костовски што за задоволство беше прифатена од домашните фудбалски авторитети. Дел од нив помогнаа во организација на настанот за збогатување на патрониот празник на главниот град преку контакти со

„Фудбалот е игра со која сме растеле и сè уште живееме. Ветераните на Црвена ѕвезда патувајќи низ повеќе места во светот сакаат да го популаризираат фудбалот како игра, забава и дружење меѓу луѓето. Овојпат одбравме ние да бидеме домаќини на екипата во која ќе се појават звучни имиња кои значат многу на поранешните ју-простори како Џаиќ, Савиќ, Караси, Шестиќ… Ги поканувам љубителите на фудбалот да дојдат и да дадат поддршка на овој настан“, изјави Трифун Костовски, поранешен градоначалник на Скопје.

Учество во натпреварот потврди и легендарната македонска „деветка“, Дарко Панчев кој ќе одигра по едно полувреме за двете екипи.

„Во чест на градот, на сеќавањата на убавите моменти во фудбалот, на пријателството, се вклучив да помогнам што подобро да ги пречекаме овие големи имиња кои значеле многу во регионот. Тие играчи биле наши идоли и на многумина други. Затоа ќе се потрудиме да мине во најдобар ред“, рече Панчев.

Во тимот на македонски ветерани, меѓу другите најавени, се Илија Најдоски, Пепи Георгиевски, Томче Трајановски, Митко Стојковски, Ванчо Мицевски, Драган Канатларовски, итн. Почетокот на натпреварот на теренот на Работнички во „Градски парк“ е во 13 часот.

13 Ноември ветерани Македонија ревија Скопје фудбал Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.