Browsing: СПОРТ

Македонскиот репрезентативец се впиша во листата на стрелци во 54 минута. Беше дел од стартниот состав на екипата од „Иланд роуд“ и заменет во четвртата минута од судиското надополнување на средбата

Тетовските „црвено-црните“ го совладаа Скопје со 4:0 и повторно пренесоа притисок врз шампионот дека нема право на кикс вечерва (18 ч.) на „Телеком арена“ против Пелистер во последниот меч од 16. коло во фудбалското првенство на Македонија

Членовите на нејзиниот Управен одбор (УО) се изјаснија позитивно по предлогот за исплата на осигурување на кошаркарите и кошаркарките во сениорска конкуренција кои ќе добијат покана за репрезентативни ангажман. Во рамката се опфатени и играчите во младите селекции како У17, У18, У19 и У20

Диего Пероти обезбеди предност за „волчицата“ во 49 минута од пенал, а само четири минути подоцна му асистира на Раџа Најнголан за 2:0. Единствениот гол за „небесно-сините“ беше дело на Чиро Имобиле од белата точка во 72 минута

Бугаринот во полуфиналето го совлада Џек Сок од САД со 4:6, 6:0 6:3 и за првпат во кариерата ќе игра за трофеј на завршниот турнир во сезоната. Белгиецот, пак, претходно го елиминира Роџер Федерер со 2:6, 6:3, 6:4

Вардаровата ракометна машинерија го сомле и Рајн Некар Левен со 30:26 во осмото коло во Лигата на шампиони и се бетонира на лидерската позиција во групата А со 15 бода, четири повеќе од бундеслигашот со кого ќе се соочи и наредниот викенд во Манхајм

Во трката за наследник на Александар Коцевски се вклучи и Миро Крстевски. Исходот од гласањето беше тесен (12:10) и заврши во полза на прославениот македонски пливач чиј прв приоритет во наредниот период ќе биде реактивирање на сметката на ПФМ која долги години е блокирана поради долгови што неофицијално изнесуват преку 10 милиони денари. За прв човек на далечинско пливање е именуван Томи Стефановски

„Црвено-црните“ ракометарки славеа над германскиот вицепрвак со 29:21 (полувреме 12:12) во последното коло од прелиминарната фаза во Лигата на шампиони и на зимски клупски распуст заминуваат со максимален ефект во групата Ц од која ќе пренесат осум бода во главниот сегмент