Browsing: СПОРТ

Според пишувањата на магазините „Штерн“ и „Бунте“, покрај недвижности, во процесот се вклучени и три титули од Вимблдон, две од Австралија опен и една од Ју-Ес опен, а конфискувани се и четири скапоцени часовници со вкупна вредност од 50,000 американски долари

Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за завршните мечеви во квалификациите за Светското првенство во 2018 година против Италија на 6 октомври во Торино и против Лихтенштајн три дена подоцна во Струмица. Првиот тренинг без Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски, во тимот се враќа Адис Јаховиќ

Данската тенисерка ќе биде дел од турнирот на најдобрите осум во сезоната благодарение на одбранетата ВТА титула во Токио во седмото финале во 2017 година. Учеството претходно го обезбедија Мугуруза, Халеп, Ка. Плишкова, Свитолина и В. Вилијамс

Тетовските „црвено-црни“ триумфираа „Под Тумбе кафе“ со 3:1 во рамки на деветтото коло од домашниот шампионат и дополнително се издвоија на врвот на табелата во однос Академија Пандев на второто место и Вардар на третото кој патем има и три меча помалку

Аеродромци во премиерата ги совладаа белградските „црно-бели“ со 92:89 (по четвртини: 26:25, 16:23, 21:19, 29:22) и најавија поинаква своја улога во новиот регионален шампионат за разлика од претходниот, но и јасно дадоа до знаење на конкуренција дека лесни бодови во СЦ „Јане Сандански“ ќе нема. Дамјан Стојановски со 25 поени најефикасен на средбата, Трајковски додаде 20, Величковиќ со 16 коша прв стрелец кај гостите

Норвешкиот состав го совлада македонскиот шампион со 3:1. Бендтнер од пенал во 25 минута, Конрадсен во 56. и Хедестад во 68. погодија за домашните, вардаровиот Бразилец го постигна единствениот за „црвено-црните“ што сигурно ќе конкурира за најубавите во мечевите од второто коло. Нареден ривал на вардарци е Реал Сосиедад на 19 октомври во Скопје

Прекинот на соработката меѓу германскиот великан и трофејниот менаџер доаѓа по нецели 24 часа од убедливиот пораз на Баварците од екипата на ПСЖ со 3:0. Одлуката за раскинување на врската е донесена по состанокот меѓу клупската управа и Италијанецот по враќањето од Париз и објавена е на официјалната интернет страница на клубот од „Алијанц арена“