Browsing: СПОРТ

На „Висенте Калдерон“ во Мадрид и на „Вајт Харт Лејн“ во Лондон досега не пристигна ниту еден нов играч. Но, затоа е како врвулица на „Олимпико“ во Рим, на „Јуве арена“ во Торино, на „Луј Втори“ во Монте Карло и на „Етихад“ во Манчестер

Пилотот на Ферари извозе најбрз круг со време 1:16,276 минути за 48 пол-позиција во кариерата. Друштво во првиот ред ќе има во тимскиот колега Кими Раиконен. Трката за ГН на Унгарија е утре со почеток во 14 часот

Осомничениот „пилот“ на дронот за време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија беше приведен од хрватска полиција во јуни врз основа на потерница што ја издадоа српските власти, а судот во Дубровник сега одобри негова екстрадиција во Белград. Според агенцијата „АП“, навивачите за вечерва повикуваат на собир во Тирана за вршење притисок врз Владата на Албанија и премиерот Еди Рама за заземање во случајот

По триумфот во групната фаза со 29:22, „црвено-жолтите“ беа подобри од „зборнаја“ со 36:27 во мечот од разигрувањето за пласман од петтото до осмото место на шампионатот. Ривал во последниот настап ќе биде победникот од дуелот меѓу Тунис и Унгарија

Русинките беа подобар ривал во текот на целиот натпревар за што конечниот резултат е доволна илустрација – 42:15. До крајот на прелиминарната групна фаза останува уште дуелот со Норвешка (недела, 19 ч.)

Нејмар во Париз се чека за потпис на договор до 2022 година вреден 150 милиони евра или 30 милиони по сезона. Со тоа, Бразилецот ќе стане најскап играч во историјата на фудбалот и „дебело“ ќе го надмине Пол Погба кој минатото лето се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра

Половина од десетте клуба колку што преостанаа во двете натпреварувања на УЕФА славеа во првите мечеви. Со предност на гости ќе патуваат Вардар, Црвена звезда, Динамо, Марибор, а Осиек се врати со голем триумф од Холандија. Риека и Хајдук ремизираа кај Салцбург, односно, Брондби, додека Шкендија, Партизан и Домжале загубија меѓутоа тетовци и покрај поразот од Тракаи, сепак, со имаат најголеми шанси за пласман во наредната рунда

Хрватска ја оправда фаворитската улога во балканската пресметка во групата Б и славеше со 35:14 (полувреме 14:3) во натпревар во кој немаше никаква неизвесност. Составот на Борче Марковски денеска (17 ч.) во дуел со Русија во второто коло

„Росонерите“ ја совладаа Крајова со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за Лига Европа, но и прв официјален меѓународен за тимот од „Сан Сиро“ по 2014 година. Со ист резултат, пак, четвртопласираната екипи во хрватското првенство за минатата сезона го порази тимот од Ајндховен на неговата „Филипс арена“