Browsing: СПОРТ

Инцидентот се случил по финалето во тамошното фудбалско првенство меѓу локалните ривали Оукам и Стад де Мбур во Дакар. Полицијата употребила солзавец за смирување на страстите што предизвикало мешаница, паника и попуштање на ѕид на една од трибините

Шпанката, до првиот трофеј на најпознатата тениска трева, стигна по триумф во финалето над 37 годишната Венус Вилијамс со 7:5, 6:0 за втор освоен гренслем турнир во кариерата по Ролан Гарос лани

Британецот го извозе најбрзиот круг (1:26,600 инути) во квалификациите за утрешното гранпри и се доближи на само еден старт од првото место до Михаел Шумахер (Германецот поведе 68 трки во Формула 1 шампионатите). Трката за ГН на В. Британија е утре со почеток во 14 часот

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави распоредот за новата сезона во елитното натпреварување. Гостувањето на шампионот во Полска е закажано меѓу 13 и 17 септември. Металург, пак, својата премиера во групата Д ќе ја има во Франција против Монпелје

Чехот ја истакна својата голема со гестот што не остана незабележан од светските медиуми. Српскиот за наредниот период најави консултации со специјалисти и можност за предвремен крај на сезоната со цел изнаоѓање на долгорочно решение и рехабилитација на повредениот десен лакт што нема да подразбира и хируршки зафат

Во спогодбениот договор за разделба, двете страни вметнаа член според кој играчот од средниот ред ќе плати 20 милиони евра на клубот доколку во наредните три сезони стане член на некој од ривалите во турската Суперлига

Турскиот клуб не соопшти детаљи за ангажман на младиот српски кошаркар и репрезентативец што, сепак, ги откри Небојша Човиќ, претседател на „црвено-белите“. Според него, белграѓани ќе добијат еден милион евра плус 20 отсто од наредниот трансфер

Репрезентативниот стопер ќе има фиксна годишна плата од 7,5 милиони евра во наредните четири години плус бонуси во висина од два милиона евра што ќе стојат на располагање. Ако успее да ги исполни условите, тогаш ќе заработува 10 милиони по сезона со што ќе биде најплатен фудбалер во Серија А

Тој оствари време од 2:36,29 часа во планинската етапа што се возеше од Сен Жирон до Фоа во должина од 101 километар и стана прв домашен натпреварувач што победи на францускиот национален празник по Давид Монкути во 2005 година. Жолтата маичка ја задржа Италијанецот Фабио Ару кој има плус шест секунди во однос на Крис Фрум во генералниот пласман