Browsing: СПОРТ

Македонскиот фудбалски првак би играл со победникот од двомечот меѓу Жилина и Копенхаген доколку успее да го мине Малме. „Црвено-црните“ имаат одлични 1:1 од „Сведбанк арена“ во средата пред возвратниот дуел на стадионот „Младост“ во Струмица, Данците како гости го совладаа словачкиот претставник со 3:1

Тетовските „црвено-црните“ би играле со подобриот од двомечот меѓу шведски Норчепинг и Тракаи од Литванија доколу триумфот од 3:1 над Хелсинки биде доволен на реваншот во Финска. Дебармаалци, пак, во случај да го елиминираат Динамо Минск ќе одат на пресметки со Корк Сити или АЕК Ларнака на Даниел Мојсов и Иван Тричковски. Кипраните се поблиску до наредната рунда со оглед на минималната победа со 1:о на гостувањето во Република Ирска

Трансферот на репрезентативниот стопер на „азурите“, според медиумите, е вреден 40 милиони евра. По сезона ќе заработува 6,5 милиони и ќе биде нов капитен на „росонерите“. Во текот на денешниот ден е најавен да отпатува во Кина каде се подготвува екипата и да парафира четиригодишен договор

Дебармаалци одиграа 1:1 на домашен терен со Динамо Минск во првиот меч од второто коло квалификации за Лига Европа. Најденов беше сигурен реализатор на најстрогата казна во судиското надополнување

„Црвено-црните“ го совладаа финскиот претставник со 3:1 во првиот меч од второто квалификациско коло за Лига Европа за голем исчекор кон наредната рунда во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Македонскиот репрезентативец постигна два гола од белата точка и еден од игра за комплетирање на пресвртот во Струмица

Американката во полуфиналето ја елиминира Џоана Конта со 6:4, 6:2 додека Шпанката ѝ препушти само два гема на Магдалена Рибарикова од Словачка (6:1, 6:1). Женската пресметка за тронот на 131. издание на турнирот е во сабота

Спортскиот директор на Вардар го наследува Дмитри Торгованов на кормилото на националниот тим додека сопственикот на „црвено-црните“ во наредниот период ќе биде и потпретседател на Руската ракометна федерација (ФГР)

Дуелот е закажан за попладнево (18 ч.) на стадионот „Младост“, реваншот е наредниот четврток. Тетовци во претходното коло ја елиминираа Дачија (3:0, 4:0), Финците беа подобри од велшки Конах (0:1, 3:0)

Офанзивниот бек од Бразил одеднаш реши да му заврти грб на Пеп Гвардиола и да потпише двегодишен договор со парижани, откако богатите газди на „светците“ му понудија неделна плата од 260.000 евра што е, речиси, двојно повеќе од „граѓанската“ што ја имаше на маса