Browsing: СПОРТ

Јунак на вечерта е ветеранот Рајан Бабел кој постигна два гола за турскиот тим во победата во реваншот со Олимпијакос со 4:1. Екипата од Виго сигурна на гостувањето кај Краснодар, Генк со вкупни 6:3 подобар од Гент во белгискиот осминафинален двомеч

Австралиецот славеше со 6:4, 7:6 против вториот светски рекет кој издаде нова потврда дека е далеку од препознатливата форма. Федерер загуби само пет гема во дуелот со Надал (6:2, 6:3)

Лидерот во француската Лига 1 ги совлада „граѓаните“ од Манчестер со 3:1 за место меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување на УЕФА. Мбапе, Фабињо и Бакајоко стрелци за „кнезовите“, Сане за премиерлигашот од „Етихад“. Атлетико М. и Баер Л. одиграа 0:0 на „Висенте Калдерон“ и натаму продолжува шпанскиот тим благодарение на победата со 4:2 во првата средба

Италијанецот во Аспен оствари време од 1:33,07 минути за седми триумф во најбрзата скијачка дисциплина, вкупно осми во Светскиот куп. Неговиот сонародник Петер Фил го освои второто место, трет беше Јанка од Швајцарија

Англискиот првак ја совлада Севилја со 2:0 со головите на Морган во 27 минута и на Олбрајтон во 54. Гостите од Шпанија во завршницата останаа со човек помалку по исклучувањето на Насри, Шмајхел одбрани пенал на Нзонзи. „Старата дама“ го совлада Порто и во реваншот во Торино со 1:0

Дебито на европската сцена го имаше во 1999 година како член на мадридски Реал. Осумнаесет години подоцна со Порто осамна на врвот на листата, полна со легенди, што досега го делеше со Паоло Малдини