Browsing: СПОРТ
Потпретседателот на „росонерите“ Адријано Галијани на денешниот состанок со акционерите истакна дека „условите од договорот не се исполнети и затоа неговото затворање не можеше да се оствари денеска“. Вредноста на клубот е фиксирана на 740 милиони евра, а новите кинеските инвеститори веќе уплатија 200 милиони евра како депозит
Таа победи во фрлање ѓуле со резултат 19,24 метри и на тој начин ја одбрани титулата од последното ЕП во Прага во 2015 година. Второто место го освои Бугарката Мавродиева (18,36 метри), трета Леанцјук од Белорусија (18,32 метри)
Шпанецот се раздели со Л.А. Лејкерс за договор со вориорси што, сепак, пропадна. Па, понудената соработка за помалку од час и половина беше еден вид на одолжување на клубот кон кошаркарот за непријатната ситуација во која го доведе
Поранешната европска шампионка на 400 метри имаше тежок пад по судирот со Французинката Флорија Гуи која по трката беше дисквалификувана за неспортскиот однос
По првичната интервенција на медицинскиот персонал и стабилизирање на состојбата, напаѓачот на мадриѓани беше изнесен на носилки и веднаш превезен во болница на натамошни прегледи. Раководството на Атлетико објави дека фудбалерот дошол при свест и почнал да говори, но дека ноќта ќе ја мине во болнички надзор
Галатасарај, клуб за кој германскиот фудбалски ветеран моментно настапува, ќе добие 2,6 милиони евра како обесштетување со можност и за дополнителни 200.000 евра
Средствата, како што пренесува и АФП, ќе бидат распредени меѓу клубовите за тие да можат да извршат исплата на заостанатите обврски кон фудбалерите
Спасител на „кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“ беше Кристијано Роналдо со двата гола во 86 минута и во 89 минута за конечни 3:3. Каталонците сега имаат бод повеќе од мадриѓани, но и натпревар повеќе
Лацио ја порази „волчицата“ со 2:0 во првиот полуфинален меч за голем исчекор кон финалето. Синоќа Јувентус славеше против Наполи со 3:1
Тренерот на Каталонците го призна тоа по убедливата победа против Спортинг Хихон со 6:1 во Примера како потврда на шпекулациите што со денови се сè поприсутни во јавноста
Поради недолично и крајно непрофесионално однесување, љубителите на тенисот бараат негова доживотна суспензија и ја повикуваат Интернационалната тениска федерација (ИТФ) да преземе таква мерка за австтралискиот тенисер со хрватски корени
Русинот Евгениј Донској славеше со 3:6, 7:6, 7:6 против Швајцарецот кој не искористи три меч топки во вторит сет ниту водство со 5:1 во тај-брејкот на третиот сет