Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Примера: Реал М. ремизира со Лас Палмас, Барселона нов лидер

0
By Нова ТВ on March 2, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 2, 2017 01:01

Кристијано Роналдо не дозволи нов пораз на Реал М. во Примера, но „кралевите“ го загубија врвот на табелата по 25 коло. Португалецот со две реализации во финишот (86 минута од пенал и во 89 минута по асистенција на Џејмс Родригез) сочува бод (3:3) за својата екипа во дуелот со Лас Палмас кој беше пред сензационален триумф на „Сантијаго Бернабеу“.

Мечот во Мадрид изобилуваше со одлични фудбалски моменти, возбудувања, резултатски пресврт. Покрај шесте гола беше покажан и црвен картон на Герет Бејл во 47 минута по што следуваше драматичен заплет и расплет на средбата.

Најава за спектаклот дојде уште во осмата минута. Иско погоди за 10 на Реал М., а само две минути подоцна израмни Таунусу. Исклучувањето на Велшанецот на почеток на второто полувреме беше одлична можност за гостинската екипа да покаже заби и се закани на фаворитот. Притоа и успеа.

Лас Палмас стекна два гола предност по само десетина минути од ситуацијата по која остана со играл повеќе на теренот. Виеира беше егзекутор на најстрогата казна во 56 по прекршокот на Серхио Рамос, три минути по него Навас беше совладан и од Боатенг за шок на трибините.

„Кралевите“ мораа добро да се испотат во продолжение на мечот за да избегнат бламажа пред своите фанови. Во улога на спасител се јави капитенот кој се погрижи за додавање на, макар, еден бод на контото на „кралскиот“ клуб.

Тоа го чинеше Реал М. губење на првото место бидејќи Барселона, претходно, го декласира Спортинг Хихон со 6:1. Каталонците сега имаат бод, но и меч повеќе од „кралевите“.

Примера

Резултати, 25 коло

Реал Мадрид – Лас Палмас 3:3

Гранада – Алавес 2:1

Селта – Еспањол 2:2

Осасуна – Вилјареал 1:4

Барселона – Спортинг Хихон 6:1

Валенсија – Леганес 1:0

Малага – Бетис 1:2

Реал Сосиедад – Еибар 2:2

Депортиво ла Коруња – Атлетио Мадрид (четврток, 20.45 ч.)

Севилја – Атлетик Билбао (четврток, 21.30 ч.)

Барселона Примера Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.