Browsing: СПОРТ

Водечката екипа во петтата лига подобра на гости кај премиерлигашот Барнли со 1:0. Последен тим со фудбалери-аматери што се пласира меѓу осумте најдобри во натпреварувањето е Квинс Парк Ренџерс во 1914 година

Македонскиот првак го совлада унгарскиот состав со 23:21. Победникот беше решен во последните две минути во кои Дибиров и Душебаев погодија за конечна радост на „црвено-црните“ кои до крајот на групната фаза ги очекуваат уште дуели со Целје и Кристијанштад во Скопје и со Мешков во Брест, Белорусија

Третолигашот Милвол го елиминира англискиот шампион по триумфот на домашен терен со 1:0, „граѓаните“ одиграа 0:0 на гости кај Хадерсфилд. И Гвардиола и Раниери изведоа комбинирани состави поради претстојните средби во ЛШ

Американката оствари време од 1:37,27 минути за четврто мундијалско одличје, трето во најтехничка дисциплина по шампионатите во Шладминг и во Бивер Крик во 2013 година, односно, 2015 година. Среброто на Холденер од Швајцарка, бронзата за Швеѓанката Хансдотир

Баварците повторно кобни за лондонскиот премиерлигаш од „Емирати“ (5:1) и, слично како и ПСЖ, завршија работа уште во првата половина од осминафиналниот двомеч. Реал во Мадрид со пресврт го совлада Наполи со 3:1