Browsing: СПОРТ

Баварците повторно кобни за лондонскиот премиерлигаш од „Емирати“ (5:1) и, слично како и ПСЖ, завршија работа уште во првата половина од осминафиналниот двомеч. Реал во Мадрид со пресврт го совлада Наполи со 3:1

Казната за поранешниот селектор на Хрватска, сега менаџер на Вест Хем, е за непримерното однесување во саботниот меч против ВБА во Премиерлигата. Идентична одлука е изречена и за неговиот сонародник во стручниот штаб на „чеканите“, Никола Јурчевиќ

Тренерот на Барселона го призна поразот и фактот дека француската екипа беше подобра од неговата. Удел во лошото издание на Каталонците имаше и неговата одлука за формациска промена од 4-3-3 во 4-2-3-1 што ја објасни со намерата за Меси да може повеќе да игра со топка

Со два гола на Ди Марија и по еден на Кавани и Дракслер, „светците“ им го нанесоа еден од најтешките порази на Каталонците во Лигата на шампиони. Бенфика со гол предност ќе патува на реванш со Борусија по триумфот со 1:0 во Лисабон