Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дебакл на Барселона: ПСЖ со четири гола зачекори кон четврт-финале

0
By Нова ТВ on February 14, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 14, 2017 23:48

„Го најде ли Барселона стадионот „Парк на принцевите“ во Париз?“, „Каде се загуби Барса во главниот град на Франција“, „Зошто Меси, Суарез и Нејмар не излегоа на терен да играат“. Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи по дебаклот што „светците“ го приредија на Каталонците во првиот осминафинален натпревар во фудбалската Лига на шампиони.

Унаи Емери го надмудри Луис Енрике, францускиот состав го надигра шпанскиот со преубедливи 4:0 и пушти нога кон четврт-финалето во елитното натпреварување. Анхел ди Марија и Единсон Кавани на најдобар начин се почестија на своите родендени. Аргентинецот постигна два гола, Уругваецот еден, а во листата на стрелци се впиша и Јулијан Дракслер.

Домашната екипа беше доминантна во текот на сите 90 минути и не допушти ни милиметар простор на гостинските фудбалери да се размавнат. Стои онаа „никогаш не речи никогаш“, но тешко е да се замисли дека Барса ќе може на „Камп Ноу“ да возврати поубедливо и да избегне елиминација од ЛШ во раната нокаут фаза.

Иако има уште 90 минути, сепак, многумина го делат мислењето дека вечерва Европа го доби првиот четвртфиналист. И тоа заслужено. Изданието на парижани беше беспрекорно што го отсликува и резултатот. Триумфот можеше да биде изразен и со поголема разлика ако Тер Штеген во неколку ситуации не спасуваше чисти голови.

Во вториот меч Бенфика ја совлада Борусија Дортмунд со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Митроглу во 48 минута. „Милионерите“ пристигнаа во Лисабон како најефикасна екипа во групната фаза во Лигата на шампиони со рекордни 21 гол, но вечерва не успеаја ниту еднаш да го пронајдат патот до мрежата на португалскиот клуб и покрај многуте прилики што ги имаа. Впечатокот ќе се обидат да го поправат на својот „Вестфален“ во реваншот на 8 март.

Лига на шампиони

Осминафинале – први мечеви

ПСЖ – Барселона 4:0

Бенфика – Борусија Дортмунд 1:0

Анхел ди Марија Барселона Единсон Кавани Јулијан Дракслер Лига на шампиони ПСЖ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.