Browsing: СПОРТ
Норвешка докажа дека е светска велесила во женскиот ракомет со освојување на седмиот континентален трофеј. Холандија имаше желба и мотив,…
Колумбискиот состав во малото финале го совлада Клуб Америка по подобро изведување на пенали сo 4:3. Мечот во регуларниот дел заврши 2:2. Во 11,30 часот почнува големото финале меѓу Реал Мадрид и Кашима антлерс
Тој забележа 26 поени, 22 асистенции и 11 скока во триумфот на Оклахома над Феникс со 114:101 со кои стана само седми играч во клубот „20-20-10“ и десети со преку 20 додавања во еден меч
Моја имаше 20 турнирски победи во кариерата меѓу кои и на Ролан Гарос, а има титула и во Дејвис купот со Шпанија во 2004 година. Во март во 1999 година беше лидер на АТП листата
Првиот меч е во Скопје (термини 9/11 јуни), реваншот е закажан четири дена подоцна кај домаќинот на Европското првенство што е во тек. Мундијалот догодина е во Германија од 1 до 17 декември
Белграѓани славеа во СЦ „Јане Сандански“ со 93:73 и остануваат лидери на табелата со четири победи повеќе од Партизан и од Будуќност. За „металците“, пак, е втор пораз во низа по кој остануваат во опасната зона
Шпанецот го постигна единствениот гол за „сините“ на гостувањето во југоисточен Лондон и, барем, на 24 часа ги оддели на плус девет од Арсенал кој утре попладне ќе игра против Манчестер сити на „Етихад“
Австриецот беше за четири стотинки побрз од фаворизираниот Норвежанец и на крајот на прослави првата победа во кариерата во Светскиот куп. Карванот се сели во Алта Бадија каде по програма утре се вози велеслалом
Во тимот од Торино пристигна од Парма во 2001 година за сума од рекордни, тогаш, 53 милиони евра. Не му заврте грб на клубот ниту по аферата Калчополи поради што „старата дама“ заврши во Серија Б. Вечерва на „Јуве арена“ гостува Рома
Македонскиот интернационалец одигра 23 минути за Фенербахче пришто погоди по еднаш од игра и од линијата за слободни фрлања и запиша седум скока од вкупно 40. тимски. „Зелените“ на крајот славеа со 81:70
Норвежанките во најнеефикасното полуфинале во историјата на Европските првенства ја совладаа Франција со 20:16, Холанѓанките, пак, беа пподобри од Данска со 26:22. Романија ја порази Германија со 23:22 и го освои петтото место
Првиот човек на европскиот фудбал ги демантира пишувањата во дел од медиумите на овие простори во последниот период за формирање на заедничко првенство под покровителство на УЕФА. Но, истовремено не отфрла можност за разгледување на таква идеја доколку како официјален предлог дојде од некоја од фудбалските федерации
