Browsing: СПОРТ

Словачката тенисерка викендот триумфира на завршниот ВТА Мастерс во Сингапур по победата во финалето против Анџелик Кербер. Во сезоната ќе финишира како шести светски рекет што ветува уште подобри резултати во 2017 година

Велшанецот неделно ќе заработува 384.615 евра, секое утро ќе се буди со 54.985 евра, на час – 2.289 евра. Според државниот завод за статистика на Македонија, просечната месечна исплата по вработен во август изнесувала 22.294 денари или 362,5 евра

Тимот од Сремска Митровица славеше на домашен терен со 87:72 во меч во кој „металците“ направија дури 25 грешки. Македонскиот првак во среда го очекување гостување кај Нижни Новгород во Еврокупот на ФИБА

На првиот тренинг присуствуваа 15 од вкупно 21 играч на списокот. Националниот тим ќе се комплетира утре со доаѓањето на Лазаров, Ристовски, Марковски, Арнаудовскки, Јоновски и Манасков. Дуелот со Украина, воведен во квалификациите за ЕП 2018, е во среда во Скопје

Британецот има седум турнирски победи во сезоната или 42 во кариерата. Тој би можел да биде нов број светски рекет ако успее да победи на Мастерсот во Париз што почнува денеска, а Ѓоковиќ загуби во било која фаза

Реал Мадрид пред три години го направи Герет Бејл најскап играч на сите времиња кога на Тотенхем му плати оштета од 101 милион евра. А, денес го направи најплатен во историјата на фудбалот.