Browsing: СВЕТ

Најмалку шест лица се убиени, а неколку повредени во пукотница што попладнево се случи во градот Рот ам Зе, недалеку од Нирнберг, во германската сојузна држава Баден-Виртемберг, јавуваат медиумите

Руски специјални полициски служби во моментов вршат итни прегледи во пет московски училишта, детска болница и породилиште, како и на 12 окружни судови, по анонимните предупредувања за поставени бомби во овие згради

Ласло Солумос, кој го водеше ресорот животна средина во кабинетот на премиерот Петер Пелегрини, ноќеска според словачките медиуми, наводно пијан, заедно со неговиот брат учестувал во демолирање на кинески ресторан во Братислава

Во прекин е автобускиот, подземниот, траектниот и меѓуградскиот сообраќај, додека аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници во заминување од денеска претпладне

Пратениците гласаа со прозивање и имаа избор или да го кажат името на Сакеларопулу што значи глас „за“ или да кажат „присутен“ што е еднакво на глас „против“. Позитивно се изјаснија пратениците од „Нова демократија“, од СИРИЗА и „Движењето на промена“, а „присутни“ гласаа 33 пратеници од „МЕРА25“, Комунистичката партија на Грција и „Грчко решение“. На специјалната седница во грчкиот Парламент гласаа 294 од 300 пратеници од кои 261 беа „за“ предлогот на владата за нов претседател на државата