Browsing: СВЕТ

Во фабрика во провинцијата Бурса треба да се произведуваат до 175.000 автомобили годишно. Во неа ќе работат околу 4.000 лица, а турскиот конзорциум, кој стои зад инвестицијата, планира да вложи преку три милијарди евра во развој на автомобилите. Производството треба да започне во 2022 година

Од СПЦ тврдат дека со новиот Закон за слобода на вероисповед ќе им се одземе црковниот имот, од ЦПЦ, пак, сметаат дека нејзините верници се дискриминирани што не им се дозволува служење во црквите и храмовите што ги граделе нивните предци и државата Црна Гора

Медиумите пренесуваат дека пратениците од ДФ (Демократски Фронт) за да спречат носење на законот ги напаѓаа физички пратениците од владејачката коалиција, гаѓаа со шишиња, чаши, корнеа микрофони и се обидоа да фрлат солзавец во пленарната сала. Поголеми инциденти се спречени благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето. Сите пратеници на ДФ се однесени во полиција, додека останатите пратеници продолжија со работа и законот беше усвоен околу 2:30 часот изутринава

Русија нема долгорочен план за Балканот, освен да го опструира Западот, и не е подготвена да си ги троши оскудните економски и воени ресурси и да презема ризици, како што е директна конфронтација со НАТО. Она што за возврат е подготвена да го направи е да ги искористува слабостите и слепите точки во западната политика за да го утврди својот еднаков статус и по можност да генерира предност која може да се искористи како стратешки адут во преговорите со САД и Европа

Милановиќ освоил 29,55 проценти од гласовите, Колинда Грабар-Китаровиќ 26,65 проценти, а на трето место е независниот кандидат, Мирослав Шкоро со освоени 24,45 отсто од гласовите. Далеку зад нив се останатите осум кандидати за претседател кои се најдоа на избирачкото ливче. Хрватската ДИК најави целосни резултати за денеска во 15 часот

Избирачките места се отворени од 7 часот, ќе се затворат во 19 часот, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат околу 20 часот.Рекорден број набљудувачи, над 24.000, ја следат работата на изборните тела на претседателските избори

За нивната безбедност, според „Ора њуз“ телевизија, се грижат голем број полициски сили. По Драч тие се враќаат во Тирана, каде во хотелот „Рогнер“ ќе го одржат третиот состанок на иницијативата „Мини Шенген“ која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните