Browsing: СВЕТ

Централната Изборна Комисија кај западниот сосед по 30 дена, конечно, ги објави официјалните резултати од локалните избори. Социјалистичката партија на актуелниот премиер на Албанија ќе има свои градоначалници во 60 од вкупно 61 општина, а со една ќе раководи кандидат на МЕГА, партија на припадниците на грчкото малцинство

Стотици активисти протестираа пред канцеларијата на московскиот градоначалник, откако неколкумина опозициски кандидати на контроверзен начин не се најдоа на гласачкото ливче за изборите на 8 септември за Градскиот совет

Според полицијата, групата најпрво го киднапирала директорот на карго сервисот на аеродромот со семејството и ги држеле како заложници за да го натераат на соработка. Потоа, дел од групата киднапери пристигнале на аеродромот со пикап возила исфарбани да личат дека се полициски, а неколку минути подоцна побегнале со златото, пренесуваат американските медиуми

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај изјави дека се повлекол од функцијата поради повикот на Специјалното обвинителство во Хаг, а не, како што кажа, притисокот од САД и ЕУ за ставовите што ги застапува во дијалогот со Белград. „Јас ја исполнив законската обврска да се јавам на располагање пред Специјалното обвинителство како осомничен во истражна