Browsing: СВЕТ

Велика Британија секоја недела му плаќа на Брисел 350 милиони фунти. Токму ова „расфрлање со пари“, заговорниците на Брегзит во текот на кампањата за референдумот за излегување од ЕУ секојдневно го критикуваа.

Семејствата на шест жртви кои загинаа во несреќата со авионот А320 на компанијата „Џерманвејс“ најавија тужба за оваа компанија, како и “Луфханза” бидејќи ги сметаат за одговорни за драмата во која во 2015 година загинаа 150 луѓе.

Подгорица се наоѓа на чекор поблиску до влез во НАТО, откако доцна синоќа американскиот Сенат даде зелено светло за завршување на расправата за ратификацијата на договорот со кој Црна Гора треба да стане најмладата членка на Северноатланскиот сојуз

Јужнокорејските обвинители соопштија дека ќе побараат налог за апсење на претседателката на државата Парк Геун Хје, со што се предвидува нејзино задржување во затворска ќелија до 20 дена додека трае истрагата по обвиненијата за земање мито од големите компании