Browsing: СВЕТ

Извештаи велат дека биле испукани истрели. Вооружените лица може да планират грабеж- инцидентот не изгледа дека е поврзан со тековната безбедносна ситуација во Франција по 13 ноемвриските напади во Париз.

Првиот човек на НАТО зборувајќи за соборувањето на рускиот воен авион денеска од страна на Турција, изјави дека авионот влегол во воздушниот простор на Турција. Столтенберг побара мирен процес на решавање на проблемот и повика на дипломатски разговори

Претседателите на САД и Франција коментирајќи го трагичниот настан со рускиот воен авион, велат Турција и Русија мора да разговараат за да се најде решение и да прекине стравувањето од ескалација по инцидентот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа својата посета во Истанбул, која требаше да се одржи утре, по денешниот инцидент во кој Турција собори руски авион Су-24

– Нашата војска храбро се бори со тероризмот…но денешната трагедија е нож во грб, спроведено од соучесници на терористите. Не можам поинаку да го опишам ова, вели рускиот претседател Владими Путин

Како што известија турските власти, тие го собориле рускиот авион во близина на сириската граница откако испратиле најмалку 10 пати предупредувања дека е нарушен воздушниот простор на земјата

Според CNN Турк, еден од пилотите го заробиле сиријските бунтовници Туркмени, кои се против сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој ја ужива поддршката на Москва. Се уште се испитува автентичноста на снимката

Руски воен авион е срушен утрово на сиријската страна од границата меѓу Турција и Сирија, соопшти портпаролот на руското министерство за надворешни работи. Авионот не го прекршил воздушниот простор на Турција, тврди министерството