Browsing: СВЕТ

Српскиот претседател порачува дека е апсурдно што стандардите за хуманиот третман ги почитува Србија, една земја што не е членка на Унијата, а земјите кои не ги почитуваат меѓународните стандарди и вредности, не добиле ниту укор од Брисел

Шпанска школа за фудбалски тренери базирана во Гетафе, го вработи сиријскиот бегалец Осама Абдула Мосен, кој на насловните страници на светските медиуми се најде откако беше сопнат од унгарската снимателка Петра Лазло додека бегаше на границата заедно со своето дете

Компанијата организира собирање на парични средства од сите граѓани кои би сакале да донираат, а секоја донација Гугл ја удвојува со тоа што за секоја донација уплатува уште една донација со еднаков износ

„Без храна, без вода“ е транспарент под кој бегалците во просторот на границата меѓу Србија и Унгарија штрајкуваат со глад незадоволни од односот на унгарские власти кон нив

Владимир Путин не само што не се повлекува туку фронтот го сели од Украина во Сирија, пишува „Вашингтон Пост“, наведувајќи дека Западот, како и многу пати до сега, не одговорил адекватно на “маневрите“ на Путин

Премиерот на Шпанија, Мариано Рахој предупреди дека неговата партија ќе се обиде да спречи евентуално отцепување на Каталонија, бидејќи според него, тоа фактички значи и “напуштање на Европа“

Автопатот кој ги поврзува Австрија и Унгарија, кој минува низ границата на двете земји и е рута по која се движат бегалците кон ЕУ, е затворен во двата правци, соопшти австрискиот автомото-сојуз АСФИНАГ