Browsing: СВЕТ

Вучиќ и Рама порачаа дека несогласувањето околу Косово не смее да ги оневозможува дијалогот и соработката, оценувајќи дека односите меѓу нив не се најголемиот проблем на Балканот

Меѓународната железничка станица во Будимпешта е привремено затворена а властите побарале секој да ја напушти станицата, откако стотици мигранти сакале да се качат на возовите кои водат кон Австрија и Германија

Националната гарда беше нападната со петарди и молотови коктели, за подоцна да бидат слушнати и експлозии пред Парламентот на Украина, откако пратениците дадоа првична поддршка за реформи за поголема автономија на Исток, кој го држат бунтовниците

Франција неодамна силно го критикуваше поставувањето на оградата која ја изгради Унгарија на границата со Србија нарекувајќи ја ограда каква што официјален Париз не би изградила ниту за животни

Србија, до крајот на годината, во јавните служби би требала да има околу 30.000 помалку вработени како резултат на двогодишната рационализација, соопшти српската министерка за државна управа и локална самоуправа Кори Удовички

Колона од автомобили во должина од 20 километри е формиранаа на автопатот на границата помеѓу Унгарија и Австрија, откако властите од Виена на источната границата ја заострија контролата како резултат на криумчирањето со мигранти

Десетиците илјади бегалци кои во Европа доаѓаат со надеж за подобар живот, од вчеравечер се соочени со уште една пречка – Унгарија ја заврши оградата

Праксата на некои европски земји да прифаќаат многу помал број мигранти го претвори Средоземно Море во масовна гробница и предизвикува ужасни сцени на границите, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц

Австриската полиција соопшти дека бил сопрен камион во кој имало 26 бегалци помеѓу кои три мали деца. Дехдрирани, децата биле пренесени во болница во “екстремно тешка состојба”.

Полицијата отвори и телефонска линија за лицата кои мислат дека помеѓу жртвите би можело да има нивни блиски. Бројот +43 59133 10 3333 е отворен 24 часа а за разговор со оние кои се јавуваат се ангажирани преведувачи.

Сириза води со само три поени пред Нова Демократија. Според анкетата на Универзитетот Македонија што ја објави Катимерини, Сириза има 25 отсто поддршка додека за Нова демократија би гласале 22 отсто.