Browsing: СВЕТ

Непознати лица разнесле контејнери со гас во зградата на фирма во „Сен-Кент-Фалавие“ во Гренобл, соопштува „Ројтерс“. На местото има една жртва и неколку повредени, посочуваат извори од полицијата

Околу 400 полицајци со поддршка на воени хеликоптери синоќа упаднале во местото Лазарет на југот на Албанија, каде што непознати лица убиле еден полицаец, а раниле двајца други

Унгарија веќе нема да прима бегалци кои во Европската унија влегле преку нејзина територија, а потоа отишле во друга земја на Унијата откако властите синоќа соопшти дека ја суспендираат Даблинската спогодба, европски документ што се однесува на бегалците, за да ги заштити унгарските интереси

И покрај тоа што претходниот протест беше насилно растурен од полицијата, ерменски активисти што протестираат против зголемувањето на цената на струјата ги продолжија демонстрациите во Ереван

Францускиот весник „Либерасион“ и порталот „Медијапар“ објавија дека Американската Национална безбедносна агенција ги шпионирала француските претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд во периодот од 2006 до 2012 година

Над 7 илјади луѓе протестираа во Атина против политиката на штедење пред денешниот самит на Европската унија од кој зависи иднината на Грција во еврозоната. Собири на солидарност со Грција беа одржани и во Белгија, Холандија, Германија, Италија и Франција

Едно лице загина, а над 60 се повредени во сообраќајна несреќа, што утринава, околу 04.10 часот, се случи кај Бубањ Поток, на автопатот Ниш – Белград, за Танјуг потврди Министерството за внатрешни работи на Србија