Browsing: СВЕТ
Со протести на стотици лица во округот Маниса денеска почна судењето на 45 луѓе менаџери и вработени во рудникот кај Сома на запад во Турција кои се обвинети за смртта на 301 рудар кои загинаа во пожар минатата година
–Таа беше одличен кандидат во 2008 година. Ме поддржуваше на изборите. Беше прекрасен државен секретар. Таа е мој пријател. Сметам дека би била добар претседател – истакна Обама пред очекуваното објавување на кандидатурата на Хилари Клинтон за Белата куќа
Турското министерство за надворешни работи денеска го повика амбасадорот на Ватикан во Анкара во знак на протест откако поглаварот на Римокатоличката црква папата Францис убиството на Ерменците во Отоманска Турција го нарече геноцид
Едно лице загина, а три се потешко повредени при уривање на мал авион рано утринава во близина на автопат во Германија, соопшти полицијата
Папата Франциско го нарече масовното убивање на Ерменците од отоманските војници за време на Првата светска војна геноцид на неделната миса на која се одбележа 100 годишнината од трагичниот настан
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) вчера ја нападна рафинеријата за нафта во ирачкиот град Баиџи, која е најголема во земјата, но ирачката армија успеа да ја зачува контролата врз објектот, потврди ирачки генерал
Утрово во два часот по полноќ силен земјотрес ги разбудил речиси сите граѓани на Сараево
Хилари Клинтон се очекува денеска да ја објави кандидатурата за претседател на Соединетите Aмерикански Држави (САД), јавуваат медиумите преку океанот
Египетскиот суд ги осуди на смртна казна лидерот на забранетото Муслиманско братство Мухамед Бади, како и 13 други високи членови на организацијата поради предизвикување хаос и насилство
Руски воен авион во вторникот прелетал опасно близу покрај американски извиднички авион, соопштија денеска претставниците на војниот ресор на САД
Над 30 патници загинале во сообраќајна несреќа кога камион и автобус се судриле денеска во Мароко
Обама веќе е пристигнат во Панама за да учествува на самитот на Америка. Тој во декември објави дека сака да започне преговори со Хавана за повторното отворање на амбасади и за отстранување на ограничувањата за трговија и патувања















