Browsing: СВЕТ

Податоците на американската Агенција за национална безбедност (НСА), говорат дека неодамнешните случувања во Франција се само почеток на низа планирани напади на џихадистичката организација „Исламска држава“ во Европа

Во Париз денеска ќе се одржи „Републикански марш“ на кој голем број светски лидери ќе им се придружат на граѓаните. Нема најави дека македонските лидери ќе учествуваат на маршот. Премиерот Груевски замина во Индија, во потрага на инвеститори

Дневниот весник Хамбургер Моргенпост во северниот германски град Хамбург кој препечати карикатури на пророкот Мухамед од Шарли Ебдо беше цел на подметнат пожар. Осомничените се во притвор, додека истрагата продолжува

Многу ми е жал за смртта на дванаесет француски сограѓани, но јас немам намера да учествувам во одбрана на духот на Шарли- тоа е за анархистичко- троцкистички дух кој ја растерува политичката моралност

Учесниците на протестот во сабота во многу француски градови во рацете носеа моливи, како и насловната страница на неделникот Шарли Ебдо, чии новинари во средата загинаа во крвавите напади, како и транспаренти на кои пишуваше “Сакаме да живееме заедно, слободни, еднакви и солидарни”.

Францускиот претседател повика на единство во републиката за да се покаже дека Франција ги отфрла расисзмот и ксенофобијата и ги повика сите граѓани да излезат за да ги отфрлат нападите врз слободата на изразувањето.

Анти-терористичките единици на Франција ставија крај на драмата која започна со масакарот врз редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ на 7 јануари а кулминираше со елиминација на тројца терористи, убијците на 10 новинари и двајца полицајци и четворица од заложниците.

Осомничените автори на атентатот на Шарли Ебдо беа убиени а сите заложници се ослободени во нападот на специјалните сили на полицијата во Сен и Марн, информираат извори блиски до полицијата, јавува агенцијата АФП