Browsing: СВЕТ

Според полицијата, приведениот го признал убиството и раскажал дека минатиот четврток, околу 17 часот, во моментот кога старецот му бил завртен со грб, го удрил со камен по глава, а откако паднал, со каменот му нанел уште неколку удари во главата. Од џебот му земал 200 денари и побегнал.

Смртта на речиси 200 од моите сонародници предизвика тага за загубата на најблиските, лутина и бес за соборувањето на цивилен авион и очај поради бавниот процесот на обезбедување на местото на несреќата, изјави шефот на холандската дипломатија

Холандија денешниот ден го прогласи за ден на жалост, а во земјата во текот на денов се очекува да пристигнат првите посмртни остатоци на загинатите во несреќата на Малезискиот авион кој се урна во Источна Украина, пренесуваат светските новински агенции

Двете страни во седиштето на самопрогласената Народна Република Доњецк, во регионот Доњецк, потпишале документ, кој лидерот на проруските бунтовници Бородај го нарекол „протокол со кој се финализира оваа процедура“. Бородај прогласи прекин на огнот во радиус од 10 киломери на местото на авионската несреќа

Помеѓу две телевизиски интервјуа, во неделата, Џон Кери не забележал дека микрофонот во студиото е уклучен, па на својот соработник му го кажал своето лично мислење за Израел. Потоа, во интервјуто за емисијата “Fox News Sunday”, се обидел да се корегира.

Холандскиот премиер Марк Рут денеска изјави дека не се знае каде се црните кутии на урнатиот малезиски авион и се согласи со рускиот претседател Владимир Путин дека во случајот мора да се вклучи Меѓународната организација за цивилна авијација

Советот за безбедност на ОН ќе се состане во Њујорк на вонредна седница посветена на ситуацијата во Газа, пренесоа светските агенции.Седницата е свикана по барање на Јордан, кој е член на Советот за безбедност, по апел од страна на палестинскиот претседател Махмуд Абас