Browsing: СВЕТ
Семејниот адвокат Ентони Греј изјави дека независна обдукција, спроведена во неделата, покажала дека Браун бил застрелан двапати во главата и четири пати во десната рака – сите на предниот дел од неговото тело
Демонстрантите се незадоволни дека пациентите биле донесени од други делови на главниот град, изјави помошник-министерот за здравство
Официјалниот број на етнички Албанци од регионов кои ги загубија животите борејќи се во редовите на екстремистичките групи во Сирија и Ирак се искачи на 36, од кои сеедуммина се од Македонија
«Нема да прифатиме договор за прекин на оган ако не добиеме одговори на нашето конкретно барање за безбедноста», рече Нетањаху сабајлево. А синоќа во Тел Авив илјадници Израелци протестираа повикувајќи ја владат да преговара со палестинската власт на Махмуд Абаз.
Сергеј Лавров, Павло Климкин, Франк-Валтер Штајнмајер и Лоран Фабиус ќе разговараат за кризата на истокот на Украина. Киев и Москва дојдоа до договор за начинот како да се постапи при инспекцијата на хуманитарниот конвој додека Црвениот крст чека гаранција дека транспортот ќе биде безбеден од другата страна на границата.
Ахмет Давутоглу е лојален сојузник на Ердоган кој надворешната политика на Турција ја направи прилично агресивна, а неговите критичари го сметаат за претерано амбициозен и дури со нео-отомански ставови
Условите за живот на луѓето во Донецк и Луганск се влошуваат, информираа локалните власти. Над 200 000 луѓе во Луганцк се без електрична енергија и вода две недели. Цената на аналгинот се зголемила 10 пати, надминувајќи ја онаа на лебот
ОН во петокот вечерта усвоија резолуција која има за цел да го сопре напредувањето на џихадистите во Ирак. САД ги нападнаа позициите на Исламската држава по сомненијата дека имало убиствени напади против Јазидите на северот на земјата. ЕУ договори испорака на оружје на курдските сили.
Иако руската страна истакнала дека нивната војска не влегла во Украина, Порошенко навел дека украинската артилерија уништила значаен дел од руските вооружени сили
Украина се плаши дека конвојот може да носи воена опрема за востаниците, обвинување кое Русија го отфрли
Според последните информации кои што утрово ги објави Гардијан, рускиот хуманитарен конвој се уште не влегол на украинска територија, но 23 руски воени возила во текот на ноќта ја поминале границата
„Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, пред две години во Косово организирал средба на вооружената сириска опозиција”. Бомбастичната изјава е дадена од експертот за безбедносни прашања, Илир Кула, на емисијата „Опинион“ на ТВ „Клан“
