Browsing: СВЕТ

Во интервју во пресрет на посетата папата ја изрази својата загриженост за случувањата во Сирија. Неговата Светост изјави за израелски весник дека гонењето на христијаните заради религијата е најжестокото од времето на раното христијанство

Мубарак беше обвинет дека со седуммина поранешни командири е вмешан во убиството на стотина демонстранти за време на протестите во 2011 година кои доведоа до крајот на неговото тридецениско владеење

Според новите правила, за работа на учениците и студентите преку словенските студентски сервиси, ќе им се издвојуваат придонеси за пензиско и здравствено осигурување, а утврдена е и минималната вредност на саатница, од 4и пол евра бруто, односно 3.8 евра нето износ

Нелигитимни се санкциите на САД, ЕУ, Јапонија, Австралија и другите земји. Неприфатливи се и безперспективни, тоа е притисок кој претставува закана за меѓународната стабилност, оценува рускиот претседател Владимир Путин

На иницијатива на хрватските пратеници во Европскиот парламент (ЕП) денес беше усвоена Резолуција на ЕП за ослободувањето на Шешељ од Хашкиот трибунал и во која се бара да се преиспита дали постојат услови за привременото пуштање на Шешељ од затворот

Украинските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до Порошенко, пишуваат дека рускиот претседател се заканувал со нов напад доколку Украина не се повлече од ЕУ и НАТО и доколку не ја признае Доњецката Република – обвинувањата отфрлени од двете страни

Барањето го доставил адвокатскиот тим на Рој. За сега нема официјални информации за какви здравствени проблеми се пожалил бизнисменот, кој претходно бараше и зголемено затворско обезбедување затоа што добивал закани по живот