Browsing: СВЕТ

Дваесет и осум годишен Mакедонец исчезнал во областа Бенкстоун, во Сиднеј, Австралија, пишува австралиското издание на „Дејли Телеграф“. Според весникот, станува збор за младиот Николче Велјановски, кој последен пат бил виден пред два дена на локацијата Алума, Јагуна

Досега шест семејства од Малезија и едно кинеско семејство добиле пари, а осигурителните компании ги проценуваат барањата на повеќе од 40 кинески семејства. Роднините на сите 239 исчезнати патниците можат да бараат до 175.000 $ за секој патник

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека тенковите кои преминале на украинско-руската граница достигнале до Шнизне во Донецката областа. Два тенка биле вратени во градот Горловка, каде што тие беа запрени од страна на украинската армија.

Новиот претседател на ЕНП, демохристијанската група, Германецот Манфред Вебер изјави дека пораката на избирачите е јасна: ако европските лидери изберат друг човек наместо Јункер, тоа ќе донесе институционална криза. “Не сакаме да дојдеме во конфликтна ситуација но единственото мнозинство во ЕП е во корист на Јункер”, рече Вебер.

„Тоа е илустрација на целосен неуспех на авантурата кој ја започнаа САД и Британија и сега ситуацијата целосно излезе од контрола“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Управата за заштита на културното наследство поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Даниловград против Митрополијата Црногорско-приморска и против Митрополитот Амфилохие под сомнение дека сторил кривично дело оштетување на културни добра, односно незаконска интервенција во манастирот Острог

Рускиот претседател Владимир Путин, кој телефонски разговарал на оваа тема со германската канцеларка Ангела Меркел, побарал „конструктивни ставови“ со цел пронаоѓање на „обострано прифатливо решение“, за Русија и Украина

Објавувањето предизвика шок во главниот град на Косово, каде што сите очи за формирањето на новата влада беа вперени во владејачката Демократска партија на Хашим Тачи, која освои најголем број гласови на општите избори во неделата.