Browsing: СВЕТ

Повеќе илјади приврзаници на опозицијата денеска во Тирана протестираа против актуелната албанска влада за, како што е речено, осиромашувањето на Албанците и се потешкиот живот во земјата

Турската полиција соопшти денеска дека навивачот на Црвена Ѕвезда , кој беше убиен минатата ноќ во близина на спортската сала во Истанбул настрадал во меѓусебна тепачка на српските навивачи кои немле билети за натпреварот

Од багажникот на автомобилот марка БМВ кое утринава слета во водите на Дунав, изведено е безживотното тело на 20 годишниот Милош Ј. По налог на јавен обвинител на возачот 19 годишниот Душан Ј. одредена му е мерка притвор

Телата на двајцата патници се извадени од автомобилот кој утринава во раните утрински часови слета во водите на Дунав, во близина на еден ресторан кај Ада Хуја. Се трага по уште едно тело за кое се смета дека било во багажникот

Повеќе од 1 000 патници на два возови „евростар“, останаа девет часа заглавени под земја откако кабел се скина во Северна Франција, јавува британскиот весник „Дејли меил“. Гневните патници велат дека биле оставени во целосна темнина, без свеж воздух и тоалети, откако кабли се скинале меѓу Лил и Кале

Според поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов, Владимир Путин има позитивна улога во историјата на Русија, но предупредува дека актуелниот руски претседател не смее да ги направи истите грешки кој ги правел тој

По барањата на првиот човек на УЕФА Мишел Платини и други големи имиња во светот на фудбалот, заклучокот од Комитетот за етика, и наодите на Гарсија ќе им бидат предадени на членовите на Извршниот комитет на ФИФА

Од друга страна, српскиот претседател Томислав Николиќ потенцираше дека на потег е Косово а ако Приштина во преговорите се однесува како независна држава, Србија ќе мора да најде друг претседател и друг премиер

Во обилните снежни врнежи низ Америка во изминатите неколку дена, животот го загубија најмалку осум лица а стотици останаа заробени во домовите и по патиштата

Германската канцеларка ангела Меркел при посетата во Полска изјави дека безбедноста на Европа не е можна без Русија, и повика на преговори со земјата на Путин