Browsing: СВЕТ
Петро Порошенко даде заклетва како претседател на Украина, со надеж дека потегот може да помогне да се стави крај на смртоносните борби во источниот дел на земјата
Речиси половина од станиците се затворени, а имаше метеж на улиците на најголемиот град во Бразил, кој ќе биде домаќин на првиот натпревар на Светското првенство следниот четврток
На маргините на комеморацијата во Нормандија се одржа и неформална средба на Барак Обама и Владимир Путин која траеше десетина минути, информираа француски и американски извори. Претходно Путин зборуваше и со украинскиот претседател Порошенко на иницијатива на Франсоа Оланд и Германката Ангела Меркел.
Реката Деспотовица која минува низ Горни Милановац, од денеска на пладне стана потполно црвена. Општинскиот еколошки инспекторат ја испитува причината за тоа и им препорачува на мештаните да не ја користат водата
Четворица загинати, а 13 се повредени во силната експлозија во Термоелектраната „Косово А“ во Обилиќ, близу Приштина, информираше полицијата. Експлозијата, според косовските медиуми, била толку јака што се почувствувала и во Приштина
Париз синоќа беше главната светска сцена на дипломатскиот балет околу Украина. Во Франција од синоќа се собрани светските државници како Барак Обама, Дејвид Камерон, Ангела Меркел но и Владимир Путин.
Уапсен е Џастин Бурк, осомничен за убиството на тројца полицијаци во Монктон, Канада. Тој сега е во притвор. Жителите на северен Монктон сега можат да излезат од дома. Двајцата ранети полицајци се во стабилна состојба, соопшти полицијата
Српските власти денеска соопштија дека немаат намера да се откажат од изградба на својот дел од гасоводот Јужен тек, планиран за јули. Оваа недела ЕУ побаа од Бугарија да ја прекине работата по проектот
Итна евакуација се спроведува во највисоката зграда во Лондон, „Шард“, по информациите дека е забележан чад во подземните делови на 87-катниот облакодер
Стотина австралиски државјани од македонска националност се степале со група австралијанци од африканско потекло на градскито стадион во населбата Мирабука во Перт
„Подготвени сме да ги зајакнеме санкциите и да воведеме дополнителни рестриктивни мерки кон Русија ако ситуацијата го бара тоа“, стои во заедничкото соопштение на Г7 земјите
Полицијата во провинцијата Њу Брунсвик соопшти дека по инцидентот добиле известување за вооружен човек со маскирна униформа