Browsing: СВЕТ

Водечкиот кандидат на конзервативните партии на изборите за Европскиот парламент, Жан-Клод Јункер, е убеден дека ќе биде иден претседател на Европската комисија. Британците се против, се заканија со излегување од ЕУ

Во северозападната руска област Мурманск утрово се урна хеликоптер, во кој имало 18 луѓе, објави РИА новости. Подоцна во потрагата живи биле пронајдени две лица, кои се префрлени во болница, се уште се бараат останатите патници и членови на екипажот

Турската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Истанбул и Анкара на првата годишнина од анти-владините протести.Околу 25.000 полицајци се распоредени во Истанбул на плоштадот Таксим , епицентарот на демонстрациите минатата година

Илјадници луѓе пристигнуваат денеска на протестите во централниот дел на Истанбул поради одбележување на годишнина од демонстрациите во паркот Гези, кои прераснаа во бунт против Владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Во гранатирање на станбениот дел од Славјанск, во регионот Доњецк од страна на украинските вооружени сили, погодена е детска болница и повредени се седум деца, кои се здобиле со рани од куршуми и шрапнели

Русија ги повлекува своите воници од границата со Украина, рече американскиот државен секретар Џон Кери, кој меѓудругото го осуди доаѓањето на проруските чеченски сепаратисти на истокот на Украина

На денешниот самит во Астана, Русија, Белорусија и Казахстан потпишаа договор со кој нивната Царинска унија на 1 јануари догодина ќе стане Евроазиска економска унија. Сепак, некои нејзини сегашни членки почнаа да се сомневаат во вистинските намери на Русија

Претставничкиот дом на САД го одобри законот за наметнување санкции на венецуелски граѓани, одговорни за кршење на човековите права за време на антивладините протести во земјата