Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чавков и Спасов на функција,пратениците од СДСМ ја напуштија седницата

0
By Нова ТВ on May 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На предлог на техничкиот премиер Емил Димитриев, со мнозинство гласови Собранието изгласа Диме Спасов и Митко Чавков повторно да се вратат на функциите министер за труд и социјална политика односно министер за внатрешни работи.

– Моја законска обврска е да предложам министри, со оглед на тоа што беа констатирани оставките на министерот Оливер Спасовски и министерката Фросина Ременски. Со одлуката на Уставниот суд и гласањето на предлогот за измени во Изборниот законик, имаме нова ситуација без точен датум за избори и затоа ги предлагам Диме Спасов и Митко Чавков за министри. Се работи за сериозни луѓе и зад нив стои богато искуство, рече Димитриев.

На ова реагираше опозицискиот пратеник Горан Милевски, кој упати прашање до Димитриев дека, ако важат одлуките за оставки на министрите од СДСМ во новонастанатата ситуација, зошто Димитриев се уште е премиер.

По ова, пратениците од опозицијата откако гласаа Против, кои на себе носеа беџови со стисната тупаница, ја напуштија седницата.

Инаку претходно, со 101 глас За, присутните пратеници едногласно ја изгласаа предлог-измената во Изборниот законик, поднесена од Талат Џафери. Со ваквата измена се предвидува укинување на членот 82 и 83 од Изборниот законик, односно бришење на датумот 5.јуни како фиксиран за избори и повлекување на обврските на медиумите во предизборна и изборна кампања.

Измените во Изборниот законик во моментов се на разгледување во Законодавно-правната комисија на Собранието, по што за конечно гласање, Велјаноски закажа седница во 18 часот. Пратениците од ДПА не присуствуваат на седницата.

Димитриев избори Собрание Спасов Чавков џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.