Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Червар „грми“: Судиите во затвор, ова беше грабеж на Хрватска пред очи на светот

0
By Нова ТВ on January 22, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 22, 2019 00:23

Хрватските ракометари се разочарани по поразот од Германија на Светското првенство што ги исфрли од борбата за медал, медиумите сумираат впечатоци, прават анализи, коментираат, селекторот „грми“. Лино Червар со „отровни стрели“ кон данските судии Гјединг – Хансен за кои вели дека „вечерва во Келн делеле неправда на бесрамен начин со што ја повредиле и олимписката повелба“.

„Ова беше грабеж на Хрватска што го виде целиот свет. За затвор се овие судии. Ова не е првпат. Данци ни ги одзедоа првенствата во 2008 година, во 2009 година и во 2010 година и тоа треба јавно да се каже. Недозволиво е аматери да судат вакви мечеви и да одлучуваат за нашите судбини“, рече Червар по поразот од „панцерите“.

Хрватска имаше негатива од три гола во 46 минута (15:18) меѓутоа во наредните десет минути направи серија 5:1 и во финишот влезе со водство од 20:19. Понесени од публиката, Германците успеаја да ја вратат предноста и да поведат со 21:20. „Коцкестите“ тргнаа во напад за реми што, според хрватските ракометари и Червар, беше прекинат поради пробивање – Уве Генсхајмер погоди за 22:20 и стави точка на натпреварот.

„Н` одеше, но судиите не дозволија. Ги надигравме Германците пред нивна публика, а н` ја одзедоа победата, ја украдоа од раце. Ова е недозволиво, ова е проблем на ракометниот спорт и тоа треба да прекине. Овие судии треба да бидат елиминирани од судиската организација“, „грмеше“ Червар пред хрватските новинари во Келн.

Хрватска пренесе максимален број на бодови од прелиминарната групна фаза во Минхен и во Келн се пресели како непоразена на турнирот. Но, непланираниот пораз од Бразил на стартот и во второто коло од Германија ги остави Хрватите да бараат утеха во борбата за олимписки квалификации за Игрите во Токио во 2020 година. Пред нив е уште дуел со бранителот на титулата, Франција која заедно со ко-домаќинот на СП е сигурен полуфиналист од групата Е.

Германија Лино Червар Ракомет (м) СП 2019 Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.