Грчките власти уапсија четири лица за  нападот врз градоначалникот на Солун Јанис Бутарис .

Осомничените се на возраст меѓу 17 и 36 години и се обвинети за тешки телесни повреди и прекршување на јавниот ред и мир.

Тие се обвинети за нарушување на јавниот мир, за нанесување повреди и за предизвикување штета. Тројцата полнолетни ќе бидат изнесени на суд, а на малолетникот ќе му суди судот за малолетници и во моментов се наоѓа на слобода.

Според грчките медиуми тие се изнесени пред јавен обвинител. Градоначалникот на Солун пред судот ќе се појави како физичко лице – жртва на нападот.

Тој поднесе тужба против неидентификувани лица и ќе биде сослушан како сведок.

Градоначалникот на Солун беше нападнат со клоци и удиран по целото тело  време на церемонијата во чест на грчките жртви  убиени од  Турците за време на Првата светска војна.

Еден од осомничените, наводно пред Судот изјавил дека е лут поради  изјава на Бутарис за пријателски односи со Турција.